Кон меѓусекторски услуги за децата со попреченост
Во овој кус информатор дадени се насоки за идните реформи на услугите за децата со попреченост што ги обезбедуваат здравствениот, социјалниот и образовниот сектор.
- English
- Македонски
Highlights
Во овој кус информатор дадени се насоки за идните реформи на услугите за децата со попреченост што ги обезбедуваат здравствениот, социјалниот и образовниот сектор. Недостатокот на меѓусекторска соработка и координација, како и ограничената достапност, пристапност и финансиска достапност на потребните услуги придонесуваат кон задоцнета идентификација, упатување и соодветна грижа за многу деца и семејства, а со тоа и кон дискриминација и исклучување. Претставен во два дела - Анализа на актуелната состојба и Можни патишта напред - овој кус информатор обезбедува упатства засновани врз докази за креаторите на политики и давателите на услуги околу решавање на системските бариери што ги спречуваат децата со попреченост да го заземат своето рамноправно место во општеството.