Заклучни согледувања на Комитетот за правата на детето

За комбинираните од трети до шести периодични извештаи за Северна Македонија

Главни црти

Комитетот ги разгледа комбинираните трети до шести периодични извештаи за Северна Македонија и ги усвои заклучните согледувања.

Поднесувањето на комбинираните трети до шести периодични извештаи на државата-потписничка и писмените одговори на листата на прашања овозможи подобар увид во состојбата со правата на децата во државата-потписничка.

Комитетот ги поздравува различните законодавни, институционални и политички мерки преземени од страна на државата-потписничка за спроведување на Конвенцијата, особено донесувањето правна рамка со која се признаваат значителен број членови од Конвенцијата, како и измените направени на Законот за Народниот правобранител за да се постигне усогласеност со Париските принципи. Понатаму, го поздравува напредокот што државата го постигна во однос на Националната стратегија за малолетничка правда (2020-2026) и придружниот Акциски план (2020-2023) и спроведувањето на новиот модел за проценка на попреченоста.

Комитетот исто така ја поздравува ратификацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (декември 2011 година).

Комитетот ја потсетува државата-потписничка на неделивоста и меѓузависноста на сите права утврдени со Конвенцијата и ја нагласува важноста на сите препораки што се наоѓаат во овие заклучни согледувања. Комитетот би сакал да ја насочи државата-потписничка на препораките кои се однесуваат на координација, недискриминација, насилство врз децата, деца со попреченост и здравје и здравствени услуги, за кои мора да се преземат итни мерки.

Комитетот препорачува државата-потписничка да обезбеди остварување на правата на децата согласно Конвенцијата, Факултативниот протокол за вклучувањето на деца во вооружени конфликти (судири) и Факултативниот протокол за продажба на деца, детска проституција и детска порнографија, во текот на целиот процес на спроведување на Агендата за одржлив развој 2030. Ја повикува државата-потписничка да обезбеди суштинско учество на децата во осмислувањето и спроведувањето политики и програми насочени кон постигнување на сите 17 цели за одржлив развој сѐ додека ги засегаат децата.

Заклучните согледување на Комитетот за правата на детето се достапни за преземање.

Автор
Committee on the Rights of the Child
Датум на публикација
Јазици
Англиски, Македонски, Албански

Документи достапни за преземање