Детските права како дел од проценките на влијанието на деловните активности
Водич за интегрирање на детските права во проценките на влијанието на деловните активности и преземање мерки во корист на децата
Highlights
„Детските права како дел од проценките на влијанието на деловните активности“ претставува водич со кој претпријатијата може да ги преиспитаат своите процеси и политики за да ја утврдат својата одговорност, заложба и поддршка за заштитата на правата на децата. Овој инструмент треба да се користи како дел од непрекината процена на влијанието врз човековите права, онака како што е наведено во Водечките принципи на Обединетите нации за бизнис и човекови права. Со помош на критериумите во водичот, може да се преиспитаат критичните области на потенцијално или реално влијание врз правата на децата според Принципите за детските права и бизнисот.