Bebbo - вашиот партнер во родителство

Мобилна апликација која ќе ви помогне да му дадете одличен почеток на вашето дете – за цел живот.

Illustration_ Family with a baby
Embedded video follows

На секое дете му е потребна нега, здрава исхрана, љубов, добро здравје и средина која ќе го стимулира неговиот развој и ќе овозможи учење низ игра. Сите родители се прашуваат како најдобро да ги поддржат своите деца за да пораснат здрави и паметни.

И тука Bebbo влегува во игра!

Новата апликација на УНИЦЕФ е креирана да биде постојана поддршка на родителите. Обезбедува информации засновани на докази, но и корисни интерактивни алатки кои помагаат да се негува и стимулира правилниот развој кај детето.

Преземете ја Bebbo апликацијата и дајте му одличен почеток на вашето дете за цел живот.

Повеќе за апликацијата

Bebbo има огромен опсег на корисни алатки кои им помагаат на родителите да носат правилни одлуки за грижата и развојот на детето. Целта е да ги охрабрат родителите секојдневно и со нови содржини, да ги забавуваат своите деца, но и да ги мотивираат да учат низ игра, здрави и среќни.

Што сè содржи апликацијата:

Bebbo Illustration - Reading

Препорачани дневни активности

Секој ден добивате препорачани игри и статии со совети напишани од експерти. Советите кои ви се допаѓаат можете да ги зачувате во омилени и да ги споделите со други родители или со пријателите.

Bebbo Illustration - Games

Игри за деца и родители

Во Bebbo ќе најдете одлични идеи како да го анимирате вашето дете преку игри кои ќе го стимулираат неговиот правилен раст и развој. Има голем избор на игри кои го поддржуваат развојот на моторичките, социо-емоционалните, јазичните, комуникациските и когнитивните вештини.

Bebbo Illustration - Development

Следење на детскиот развој

Едноставна за употреба, им овозможува на родителите да го следат своето дете и да го бележат напредокот во соодветната фаза од развојот. Дополнително, Bebbo овозможува поддршка за родителите да го стимулираат развојот на детето низ игра.

Bebbo Illustration - Vaccination

Вакцинација

Лесно можете да го следите календарот за вакцинација на детето и да поставувате  потсетници за следните вакцинални термини.

Bebbo illustration _ health check ups

Здравствени прегледи

Делот за здравствени прегледи овозможува да ги бележите сите посети кај лекар на вашето дете, но и да си поставувате потсетници за следните термини.

Bebbo Illustration - Growth

Детски раст

Внесете ја висината и тежината на вашето дете и следете го неговиот напредок.

Родители споделуваат нивни искуства со користењето на Bebbo апликацијата

Embedded video follows

Искуството на Елена со апликацијата Bebbo

Дали вашето дете веќе ги „истражува“ предметите околу него, на пример неговите играчки или украсите во домот? Апликацијата Bebbo нуди многу практични совети, како и листа на развојни пресвртници кои детето треба да ги совлада во одреден временски период. 

„Како нова мајка, многу е корисно кога имам добар патоказ за тоа дали детето напредува правилно“, вели Елена, мајка која редовно ја користи апликацијата Bebbo.

Embedded video follows

Јана и нејзиното искуство со апликацијата Bebbo 

Кога ќе станете родител, станувате и негувател, здравствен работник, забавувач, учител, најдобар пријател... за среќа, Bebbo ве поддржува на сите фронтови. 

Јана споделува како го користи Bebbo за да истражува идеи за игри заедно со нејзините деца и да ги негува нивните индивидуални потреби и интереси.

Embedded video follows

Искуството на Мирослав со апликацијата Bebbo

„Корисно е да го имате Bebbo во вашиот телефон.“ 

Мирослав споделува за убавината и предизвиците на родителството, како и за важноста на лесно достапни и проверени информации.

Embedded video follows

Александра споделува за нејзиното искуство со апликацијата Bebbo 

Еден од предизвиците на родителството е балансирање на повеќе одговорности дома и на работа, во текот на целата година. 

Александра го споделува своето искуство со апликацијата Bebbo и функциите што ги нуди за да им го олесни секојдневниот живот на родителите.

Разговори со експерти - дознајте зошто го препорачуваат Bebbo

Embedded video follows
Embedded video follows
UNICEF North Macedonia

Направете сами - идеи за активности

Симнете ги инструкциите, испечатете ги материјалите и уживајте во забавните моменти со вашето дете!