5 најчести проблеми со доењето

Кои се проблемите и како да се справите со нив?

By UNICEF
 Yevheniya breastfeeds her six-month-old son Yehor in Ukraine.
UNICEF/UN0679247/Filippov

Мит е дека доењето е лесно. Напротив, бара време и пракса како за мајките така и за бебињата. Многу мајки се соочуваат со тешкотии при доењето, но со вистинската поддршка, лесно може да ги надминат.

Ако имате проблеми со доењето, побарајте помош од вашата акушерка, патронажна сестра или вашиот матичен лекар или гинеколог.

Еве некои од најчестите проблеми и неколку наши совети кои би можеле да ви ја олеснат ситуацијата.

1. Како да бидам сигурна дека моето бебе правилно се прилепува за дојката? 

За доењето да ви биде пријатно и вам и на вашето бебе, клучно е правилното прилепување за дојката. За да бидете сигурна дека вашето бебе добро ќе се прилепи:

  • Наместете му го носето директно спроти вашата брадавица.
  • Главчето нека му се навали малку наназад за со  горната усна да ја допре брадавицата. Вака ќе му се отвори устата.
  • Кога  бебето широко ќе ја отвори устата, бргу доближете го до дојката со главчето наназад, а брадата нанапред. Вака, вашето бебе ќе фати поголем дел од дојката, а не само брадавицата.
  • Бебето ќе ја вшмука дојката и брадавицата ќе му легне во мекиот дел од устата. На овој начин брадавиците нема да ви се воспалат, а бебето ќе го добие млекото што му треба. 

Како да знаете дека прилепувањето е правилно?

  • Искуството е пријатно и безболно
  • Ареолата (темната кожа на дојката околу брадавицата) е повидлива над устата на бебето отколку под устата
  • Устата на бебето е широко отворена
  • Долната усна му е свиена нанадвор
  • Со брадата ја допира – или скоро ја допира – дојката

2. Што да правам ако имам малку млеко?

Чувството дека не произведувате доволно млеко за вашето бебе може да биде голема фрустрација. Ако ве загрижува количината на млеко, обратете се кај вашиот лекар. Во повеќето случаи, тој ќе ви помогне да откриете што се случува.

Најчестите причини за малку млеко се:

  • Одложен прв подој
  • Никаков или многу мал контакт меѓу кожата на мајката и детето
  • Застој во создавањето на млекото поради компликации при породувањето, болест или дијабетес
  • Лошо прилепување до дојката
  • Доење само во строго определено време
  • Кратки подои
  • Никакво доење ноќе
  • Ретко доење
  • Грижа и стрес
  • Недостаток на самодоверба
  • Недостаток на блискост
  • Отпор кон доење
  • Замор

За да го спречите овој проблем и да му обезбедите здрава количина млеко на вашето бебе:

  • Воспоставете контакт меѓу вашата и кожата на бебето при породувањето и започнете со доење што поскоро.
  • По породувањето, побарајте поддршка од стручни лица во породилиштето за подобро прилепување до дојката и поефикасно цицање.
  • Практикувајте го методот „заедно во соба“ (престој и спиење во иста просторија со вашето бебе) 24 часа на ден.
  • Користете прихрана исклучиво ако лекарот ви посочил дека тоа е неопходно за здравјето на бебето.

3. Како да ги негувам отечените дојки?

Преполнетите дојки знаат да бидат многу болни. Иако чувството на полни дојки може да биде непријатно, отекувањето е сосема друг проблем.

Полни дојки

Отечени дојки

Топли, тешки и тврдиThey will feel painful, look abnormally swollen with fluid (oedematous) and tight. They may also look shinyДојките болат, изгледаат ненормално отечени, преполни со течност (едематозни) и напнати. Исто така, може да имаат сјај и црвенило
Млекото течеМлекото не тече
Немате температураМоже да имате температура 24 часа

Најчестите причини и начини да се спречи отокот на дојките се:

Причини за оток

Начини да се спречи отокот

Премногу млекоРедовно празнете ги дојките (со рачно одмолзување или со пумпа) и рано започнете со доење
Одложен прв подојЗапочнете со доење веднаш по породувањето
Бебето погрешно е прилепено на дојкатаПомогнете му на бебето подобро да се прилепи на дојката
Дојките ретко се празнат или времето за доење е ограниченоДозволете му на бебето да цица неограничено

Ако чувствувате дека дојките ви се отечени, консултирајте се со вашиот лекар.

4. Како да не ми испукаат брадавиците при доење?

Болните или испукани брадавици обично се знак дека вашето бебе не се прилепува добро на дојката кога цица. Научете го правилно да се прилепува. Ако едната или двете брадавици почнат да ви пукаат или крварат, побарајте помош од вашиот лекар во најскоро можно време. Додека сте дома, одмолзете малку млеко и намачкајте си ги брадавиците откако ќе го надоите бебето. Мајчиното млеко има лековити својства кои ќе ја олеснат болката.

5. Која е причината за воспалени дојки (мастит) и затнати млечни канали? Како да го спречам ова?

За да стигне до бебето, млекото минува низ систем од канали во вашите дојки. Понекогаш, одреден дел од овие канали може да се затне, попречувајќи го текот на млекото. Затнатите канали болат. Ако затнатиот канал не се испразни или ако млекото што се насобрало во дојките ви предизвика оток или инфекција, може да се појави мастит или воспаление на дојките. Ако почувствувате болка од затнати канали, разговарајте со патронажна сестра,  акушерка или со вашиот матичен лекар или гинеколог. 

Затнатите млечни канали и маститот ги предизвикува:

  • Кратко или нередовно доење
  • Неправилно  празнење на дел од дојката или  на целата дојка
  • Оштетено ткиво на дојката
  • Бактерии кои влегуваат во дојката преку пукнатини во брадавицата

За да ја ублажите болката и да си ги олесните симптомите, обидете се:

  • IПодобро да ги празните дојките
  • Да го поправите лошото прилепување на бебето на дојката
  • Да носите широка облека
  • Почесто  да доите
  • Нежно  да се масирате во насока на брадавиците
  • Да нанесете топла облога на местото што ве боли
  • Да ги менувате положбите за доење

Доењето е процес на учење  и сосема е нормално да наидете на тешкотии. За секој проблем обратете му се на вашиот лекар и побарајте поддршка од семејството, пријателите и саканите. Само напред!