Вакцините даваат резултати

Вакцините даваат резултати и тие се безбедни. Всушност, тие се повеќе од безбедни — со нив може да се спаси живот!

UNICEF MK
Деца заедно со мајките седат во чекална во амбуланта за да добијат вакцина
UNICEF/2017/Georgiev
24 Јули 2018

Група деца со своите родители чекаат да бидат вакцинирани во поликлиниката во Шуто Оризари во Скопје. 

Имунизацијата претставува едно од најзначајните и најисплатливите достигнувања на јавното здравство во денешно време. Вакцините го спасуваат животот на децата и може да го запрат ширењето на болестите. И покрај овој факт, во 2017, повеќе од половина од најранливите деца во светот сѐуште не ги добиваат основните вакцини кои се потребни за здрав живот. Освен тоа, сѐпоголем број деца не ги добиваат вакцините кои може да го заштитат нивниот живот заради зголеменото влијание кое се врши со кампањите против вакцините и гласините кои се шират за безбедноста и квалитетот на вакцините. Научен факт е дека вакцините дејствуваат и дека тие се безбедни. Всушност, тие се повеќе од безбедни — со нив може да се спаси живот! 

Кога најголемиот број на деца во една заедница се вакцинирани, поединечните случаи на заболувања ретко прераснуваат во епидемија. Меѓутоа, доколку некои од децата не ги добијат потребните вакцините, зголемен е ризик од заболување за сите.

Фотографија од рацете на медицинска сестра што подготвува шприц со вакцина додека во позадината мало девојче чека да ја прими вакцината
UNICEF/2017/Georgiev

Медицинска сестра од поликлиниката во Шуто Оризари подготвува поливалентна вакцина.

Во земјата се предвидени 11 задолжителни вакцини, од кои повеќето се поливалентни вакцини против поголем број болести како што се туберкулоза, полиомелитис, морбили, рубеола, хепатитис Б, паротитис епидемика (заушки), хемофилус инфлуенца тип Б, човечки папиломен вирус, дифтерија, тетанус и пертусис.

Мало момче гледа кон докторката што го прегледува пред да добие вакцина во амбуланта во Скопје
UNICEF/2017/Georgiev

Преглед на седуммесечно дете пред вакцинирање во поликлиниката Букурешт во Скопје.

Опфатот со имунизација во последните години е намален во главниот град, каде е регистриран најмалиот опфат во земјата со вакцината МРП (морбили, рубеола и паротит), и изнесува само 67% според Институтот за јавно здравје. Овој тренд е во пораст, а тоа конкретно се должи на лажните тврдења на глобалните кампањи против вакцините според кои вакцините може да бидат штетни за некои деца. Иако за тоа не постојат научни докази, тоа сепак доведе до опаѓање на опфатот со вакцинација, кое пак за возврат сега ги покажува првите штетни последици со појавата на епидемија на сипаници во неколку земји од регионот, меѓу кои има и смртни случаи.

Машко дете добива поливалентна вакцина во амбуланта во Скопје
UNICEF/2017/Georgiev

Момче прима поливалентна вакцина во поликлиниката Букурешт во Скопје

Пристапот до вакцинација доведе до драматично намалување на смртноста кај децата под петгодишна возраст од заболувања кои може да се спречат преку вакцинација. На глобално ниво, околу 2–3 милиони детски животи се зачувани секоја година благодарение на вакцините. Во Македонија, стапката на опфат со вакцинација е многу блиску до посакуваните 95%, иако се забележува тренд на опаѓање за некои вакцини, особено за МРП (морбили, рубеола и паротит) вакцината. Во 2016, околу 3,860 од 22,013 деца ја немаат примено таа вакцина, а тоа значи дека опфатот со МРП изнесува само 82%.

Мало машко дете седи на кревет во поликлиника во Скопје додека чека да добие вакцина
UNICEF/2017/Georgiev

Дете чека да биде вакцинирано во здравствената клиника во општината Шуто Оризари во Скопје, каде мнозинството граѓани се Роми

Дури 19.4 милиони мали деца ширум светот не добиваат вакцини бидејќи опфатот со вакцинација не стига до нив. Многумина живеат во урбаните сиромашни квартови или во камповите за раселени лица, каде лошата исхрана и несоодветните здравствени, социјални и санитарни услови и пристап до питка вода го зголемуваат ризикот од заболувања, како што се пневмонија, дијареја и мали сипаници — а сите тие може да се спречат преку вакцинација.

Мајка го држи во раце своето женско дете насмеано пред да добие вакцина во поликлиника во Скопје
UNICEF/2017/Georgiev

Едногодишно девојче чека со својата мајка да биде прегледано и вакцинирано на клиниката во Скопје.

Благодарение на вакцините, некои болести како што се големите сипаници, навистина се искоренети. Некои се на прагот да бидат искоренети, како на пример полио, а многу други се ставени под контрола и се наоѓаат на патот на целосно искоренување, како што се дифтерија, пертусис (голема кашлица), мали сипаници, тетанус, итн.

Дете гледа загрижено, во рацете на мајката, пред да добие вакцина во поликлиника во Скопје
UNICEF/2017/Georgiev

Мајка го подготвува своето едногодишно дете да прими поливалентна вакцина во поликлиниката Букурешт во Скопје

Доколку сите деца ја добијат потребната имунизација, ќе бидат зачувани најмалку уште 1.5 милиони животи. Токму затоа сите ние треба да дадеме свој придонес и да помогнеме да се шират информациите дека вакцините навистина даваат резултати!