Мултииндикаторско кластерско истражување 2011

МИКС обезбедува најнови информации за состојбата на децата и жените и мери клучни индикатори што им овозможуваат на земјите да го следат напредокот.

A photo of a woman with a child answering questions to the MICS survey
UNICEF/2011/Georgiev

Главни црти

Мултииндикаторското кластерско истражување (MICS) беше спроведено во 2011 година во соработка помеѓу Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика на Владата на поранешната југословенска Република Македонија. Прибирањето на податоците беше направено од страна на приватната истражувачка компанија IPSOS Strategic Puls. Финансиската и техничката соработка првенствено беше обезбедена од страна на Фондот за деца на Обединетите нации (UNICEF), со дополнителна финансиска поддршка од Фондот за популација на Обединетите нации (UNFPA).

MICS е меѓународна програма за спроведување на истражување по домаќинства, која е изработена од страна на UNICEF. MICS 2011 во земјата беше спроведено како дел од четвртата глобална рунда на MICS истражувања (MICS4). MICS обезбедува најнови информации за состојбата на жените и децата и ги мери клучните индикатори, со кои на земјите им се овозможува да го измерат напредокот кон Милениумските развојни цели (MDGs) и други договорени обврски на меѓународно ниво. Дополнителни информации за глобалниот проект MICS може да се најдат на www.childinfo.org

A front page of the publication containing a photo of a woman holding a child in her arms, along with the title of the publication
Автор
УНИЦЕФ
Датум на публикација
Јазици
Англиски, Македонски

Документи достапни за преземање