Биди фер - за детство без пречки
Кампањата е изготвена за да ја мобилизира јавната свест и да обезбеди широка поддршка за правата и вклучувањето на децата со попреченост.

- English
- Македонски
Кампањата е изготвена за да ја мобилизира јавната свест и да обезбеди широка поддршка за правата и вклучувањето на децата со попреченост. Таа се спроведува како дел од регионалниот проект „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и во Турција“, финансиран од ЕУ и кофинансиран од УНИЦЕФ.
Целта на кампањата е да се подигне свеста за социјалниот модел на попреченост дефиниран во Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Сакаме да ја подигнеме свеста дека поради пречките во средината, општеството и ставовите, децата со попреченост не можат да учествуваат во општеството на рамноправна основа со другите деца.
Како дел од кампањата, изработена е и нова апликација за мобилни телефони, „Без пречки“, со цел да се информира и да се вклучи јавноста во мапирање на примерите за пристапност во земјата. Таа е достапна за корисниците на Ајфон или Aндроид и дава осврт на пристапни згради, пешачки патеки и премини, пристапен јавен транспорт, паркинг, детски игралишта и тоалети, пристапност и еднаков третман за лицата со оштетен слух.
Видеа
Master Class
Едукативни видеа на македонски знаковен јазик












Што покажуваат податоците












Икони од мобилната апликација "Без пречки”









