Да ги заштитиме децата
Некои работи се надвор од наша контрола. Но, со редовна вакцинација можеме да ги заштитиме децата од заразни болести.
Само во последните 60 секунди редовните вакцини за деца спасиле 5 животи. Тоа се уште 5 деца кои се заштитени од смртоносни болести и кои ќе можат среќно да растат и да водат здрав живот.
Благодарение на високите стапки на вакцинација, некогашните деца, а денешни родители, ја имаа таа среќа да растат без да искусат некој член од семејството или пријател да им почине или да има доживотни последици од болести како што се морбили (мали сипаници) или детска парализа (полиомиелит). Иронично, ова е една од причините зошто некои веруваат дека болестите што можат да се спречат со вакцини не се повеќе закана за децата. Но, со намалувањето на стапките на вакцинација кај децата, расте ризикот од враќање на овие болести, како што беше случај и во нашата земја со епидемијата на мали сипаници пред неколку години.
Вакцините се најбезбедниот, најлесниот и ефикасен начин за заштита на здравјето во детството и низ целиот понатамошен живот.
Повеќе информации
Следете нè на социјалните мрежи
Сите правиме сè што можеме за да ги заштитиме нашите деца. Понекогаш, дури и претеруваме 😊 Која е најекстремната работа што сте ја направиле за да се осигурате дека вашите сакани се безбедни и здрави?
Споделете ја вашата приказна со нас користејќи ги хаштазите #ДаГиЗаштитимеДецата #ВакцинитеСпасуваатЖивоти