Совети за заштита од пожари

Дознајте како шумските пожари влијаат врз децата и како да го заштитите вашето семејство.

Wildfires safety tips: Photo of a forest burning
Adobe Stock/ Gonzalo

Шумските пожари сè почесто се појавуваат низ целиот свет. Зголемените температури на глобално ниво создаваат потопла и посува средина, што овозможува идеални услови за појава на овие смртоносни и деструктивни пожари. Тие претставуваат директна опасност за сè што им се наоѓа на патот, додека чадот од пожарите е закана која трае подолго и е особено штетна за децата.

Како што пожарите стануваат сè почести и поголеми, а чадот патува на големи растојанија, важно е родителите и старателите да знаат како да ги заштитат своите семејства од штетните последици.

Arrow

Факти за шумските пожари

Facts about wildfires

Шумските пожари се пожари што неконтролирано и неочекувано се шират низ вегетацијата.

 

 

 

Шумските пожари често настануваат поради човечки фактор, од невнимание или намерно, но комбинацијата од екстремни временски услови – како суши, силни ветрови и громови – може брзо да претвори мал пожар во голем и неконтролиран.

Чадот од шумски пожари е поврзан со респираторни проблеми како астма, срцеви заболувања, нарушувања на мозокот и нервниот систем, ментални состојби и болести како рак.

Изложеноста на чад од пожари е особено штетна за бремените жени и децата. Таа може да влијае и на трудницата и на фетусот, зголемувајќи го ризикот од гестациски дијабетес, висок крвен притисок, предвремено раѓање, мала родилна тежина, па дури и спонтан абортус или мртвородено дете.

Бебињата и малите деца се изложени на повисок ризик од респираторни заболувања, метаболички нарушувања и когнитивни потешкотии.

Влијанието на шумските пожари не се ограничува само на непосредните здравствени последици. Пошироките ефекти вклучуваат повреди, инвалидитет, траума, губење на можности за учење и рекреација, па дури и раселување.

Како чадот од шумски пожари влијае врз децата

Бидејќи  децата растат, нивниот имунолошки систем и белите дробови сè уште се во развој, што ги прави особено ранливи на штетните ефекти од чадот од шумски пожари – кој е потоксичен од секојдневното загадување на воздухот. Фините честички што ги ослободуваат шумските пожари – познати како PM2.5 – можат да навлезат длабоко во белите дробови на децата и да го загрозат нивното здравје и благосостојба, и во моментот и на долг рок.

Бебиња

Бебињата имаат нецелосно развиени тела, вдишуваат повеќе воздух и се поблиску до земјата, каде концентрацијата на штетни честички е поголема. Тие се изложени на зголемен ризик од:

  • Ниска родилна тежина (поврзана со проблеми со дишење и намален раст во детството)
  • Вродени аномалии
  • Дијабетес во детството
  • Смртност

Мали деца

На оваа возраст, имунолошкиот систем, мозокот и белите дробови сè уште се развиваат. Дополнително, децата се поактивни и поминуваат повеќе време на отворено, што го зголемува ризикот од:

  • Астма и респираторни болести
  • Ослабен имунитет
  • Намалени когнитивни функции

Адолесценти

Адолесцентите и понатаму се развиваат ментално и физички и се уште поактивни. Во оваа фаза се изложени на ризик од:

  • Астма и респираторни болести
  • Метаболички нарушувања (на пр. дебелина)
  • Висок крвен притисок (хипертензија)
  • Негативни последици по менталното здравје

Знаци и симптоми на изложеност на чад кај децата

Децата – особено малите деца – кои вдишуваат чад од шумски пожари може да искусат широк спектар на симптоми. Физичките симптоми вклучуваат:

  • Болка и стегање во градите
  • Отежнато дишење
  • Свирење при дишење
  • Кашлање
  • Печење или иритација во носот, грлото и очите
  • Вртоглавица

➡️ Ако вашето дете има проблеми со дишењето, не може да заспие или покажува забележливи здравствени симптоми, веднаш однесете го во здравствена установа.

Како да ги заштитите децата од чадот предизвикан од шумските пожари

Подготвеноста може да помогне сите во семејството да бидете безбедни и заедно во итни ситуации.

Ако живеете во област со висок ризик од шумски пожари, прегледајте го планот за евакуација со вашето семејство најмалку еднаш годишно, за сите да знаат што треба да прават.

Секогаш следете ги локалните временски извештаи, информациите за квалитетот на воздухот и здравствените препораки, вклучително и оние поврзани со чад од пожари. Дознајте ги симптомите од вдишување чад, за да можете веднаш да реагирате и да спречите дополнителни здравствени проблеми.


Пред да избие шумски пожар

  • Разговарајте со вашето семејство за шумските пожари. Објаснете им на децата, на начин соодветен на нивната возраст, што се пожари и дека ќе направите сè што е можно за да бидат безбедни.
  • Подгответе план за итна евакуација кој вклучува медицински информации и инструкции што да прави секој член ако се раздвоите. Идентификувајте безбедни засолништа во близина или во соседни области. Осигурете се дека децата ги знаат вашите контакт информации и што да прават ако останат сами. Проверете го планот на училиштето на вашето дете за евакуација во случај на пожар.
  • Направете „итен пакет“ кој содржи храна, лекови, готовина, комплет за прва помош, противпожарен апарат, маски N95/KN95 (за возрасни и деца), светилка, радио, батерии, вода за неколку дена, копии од важни документи (изводи, лични карти, тапии итн.)
  • Ако живеете во подрачје со висока изложеност (на пр. покрај шума), создајте заштитна зона околу домот која е исчистена од лисја, отпад или запаливи материјали во радиус од најмалку 10 метри.

Евакуирајте се веднаш ако надлежните органи така препорачаат или ако вашиот дом е во опасност.


За време на шумски пожар

  • Евакуирајте се веднаш ако надлежните органи го советуваат тоа или ако има директна закана по вашиот дом.
  • Ако е можно, преселете се привремено на локација со почист воздух.
  • Чувајте ги децата внатре со затворени прозорци и врати. Ако користите клима уред, нека биде со затворен довод на надворешен  воздух за да се избегне влез на чад.
  • Користете прочистувач на воздух, ако имате.
  • Ограничете ја физичката активност и пијте доволно вода за хидратација.
  • Ако детето мора да излезе, размислете за користење N95/KN95 маска. Маските не се дизајнирани за мали деца, но деца над 7 години можат да носат мали големини. Детето не смее да носи маска ако тешко дише или не може самостојно да ја тргне.

По шумски пожар

  • Не дозволувајте децата да учествуваат во чистење на пепел или остатоци.
  • Осигурете се дека областа е безбедна и исчистена пред тие да се вратат дома.
  • Ако детето развие некој од претходно споменатите симптоми, веднаш посетете здравствена установа.
  • Следете ги и физичките симптоми и емоционалните реакции во месеците по пожарот. Децата често не ги изразуваат симптомите исто како возрасните – потребни се трпеливост и поддршка.

Што да се избегнува

За да го намалите влијанието од други извори на загадување за време и веднаш по пожарот, избегнувајте:

  • Пушење
  • Користење шпорети на гас, пропан или дрва, камини или свеќи
  • Користење озон-генерирачки прочистувачи на воздух
  • Користење генератори на природен гас или бензин во затворен простор
  • Користење спрејови
  • Пржење или печење храна
  • Користење правосмукалка
  • Палење отпад

Дури и во отсуство на шумски пожари, загадувањето на воздухот околу домот може сериозно да влијае врз здравјето на детето.

Дури и во отсуство на шумски пожари, загадувањето на воздухот околу домот може сериозно да влијае врз здравјето на детето.

Утеха и поддршка за децата по шумски пожар

Започнете разговор и одржувајте отворена комуникација

  • Дајте му можност на вашето дете да зборува за пожарот и охрабрете го да ги сподели своите грижи или чувства на страв и анксиозност.
  • Покажете му дека внимателно го слушате и дека искрено се грижите за тоа како се чувствува.
  • Ограничете ја неговата изложеност на вознемирувачки медиумски содржини.

Обезбедете чувство на сигурност

  • Објаснете му како настанал пожарот.
  • Покажете им љубов и сигурност преку заедничко поминато време и многу дополнителни прегратки.

Следете знаци на емоционална вознемиреност

  • Иако многу деца може да изгледаат како да се во ред во првите недели по катастрофата, со текот на времето може да почнат да покажуваат симптоми на траума. Одредена анксиозност е очекувана, но ако не исчезне по неколку месеци или ако детето покажува посериозни симптоми – како панични напади или желба да се повреди себеси или други – веднаш консултирајте се со матичен лекар или стручно лице за ментално здравје.

Вежбајте техники за смирување заедно

  • Длабокото дишење многу помага и може да се практикува со постари деца. Со помалите деца може да го претворите во игра: на секој час – застанете и обидете се заедно да го смирите телото и умот со бавно дишење.

Обидете се да одржите некаков вид на рутина

  • Иако може да биде тешко, спиењето или јадењето во исто време секој ден може да му помогне на вашето дете повторно да се поврзе со чувството на нормалност од пред пожарот.