Негување на надежта кај децата во кризна состојба

Децата заслужуваат да ги зачуваат своите надежи и соништа дури и во најтешките моменти

UNICEF MK
 Eight-year-old Vinda, from Syria, smiles after playing and resting with her three younger siblings in the UNICEF-supported child-friendly space in Gevgelija.
UNICEF/2016/Georgiev
16 Јули 2018

По затворањето на балканската рута кон Европа во месец март, околу 500 деца останаа заробени во поранешна Југословенска Република Македонија, фатени во стапицата на неизвесноста на нивното минато и иднина. Тие споделуваат многу нешта со останатите 150,000 деца бегалци и мигранти кои поминаа низ земјата во периодот од јуни 2015 до март 2016. Сите тие имаат свои соништа, и сите се надеваат на подобра и побезбедна иднина.

Мало девојче стои на каменест пат чекајќи го семејството, во близина на транзитниот центар за бегалци и мигранти во Гевгелија
UNICEF/2016/Georgiev Откако ја помина границата од страната на Грција, малото девојче се врти назад за да ги почека членовите на своето семејство кои го поминуваат патот кон транзитниот центар Винојуг во Гевгелија.

По интензивирањето на бегалската и мигрантската криза, се зголеми процентот на деца помеѓу популацијата кое патуваше низ земјата — децата беа застапени со само 9 проценти во јуни 2015, а во текот на првата седмица од март 2016 нивниот број достигна дури 43 проценти. 

Девојче добива помош да се симне од возот во близина на транзитниот центар за бегалци и мигранти во Гевгелија
UNICEF/2016/Georgiev Во транзитниот центар Табановце, во близина на границата со Србија, во близина на катчето на УНИЦЕФ по мерка на децата, девојчето добива помош да се симне од возот. Таму ќе најде безбедно место за одмор и игра, храна, место за капење и чисти алишта.

Најголемиот број на деца бегалци и мигранти бегаат од конфликтот и неизвесноста, а исцрпувачкото патување се надоврзува на траумите од хоророт кој тие го имаат посведочено дома. 

Младо момче се смее додека ги вади рацете од прозорец на воз што стои на железничката станица во Гевгелија
UNICEF/2016/Georgiev Младо момче со насмевка од прозорецот на возот кој заминува од Гевгелија кон Србија, дента кога за Авганистанците беа зајакнати ограничувањата на самата граница.

Заедно со нашите партнери, УНИЦЕФ прави сѐ што е во можност за да се зачува достоинството и отпорноста кај децата, и правата и потребите на децата да имаат централно место во нашиот одговор на оваа состојба.

Младо момче со кабаница си игра весело со играчка и покрај дождот и ладното време, кампувајќи во близина на границата со Србија
UNICEF/2016/Georgiev Откако илјадници деца беа заробени кога се затворија границите на балканските земји, младото момче ужива со подарената играчка, додека опстојува во тешките услови со илјадници други деца кои кампуваат во близина на границата со Србија.

Сите деца кои се тргнати на пат имаат доживеано загуби — некои од нив ја имаат искусено трагичната загуба на членови на семејството и пријатели, и сите ја имаат загубено стабилноста и безгрижниот живот кој го заслужуваат сите деца. 

Млади момчиња во Гевгелија уживаат во игрите во просторот направен по мерка на децата во рамки на транзитниот центар за бегалци и мигранти
UNICEF/2016/Georgiev За време на новогодишните празнувања, младите момчиња во Гевгелија уживаат во игрите во просторот направен по мерка на децата.

УНИЦЕФ и партнерите разбираат дека за децата кои се соочуваат со непостојана и несигурна ситуација, клучната поддршка може да биде со тоа што на децата ќе им се овозможи да бидат токму тоа — деца.

Бебе се затоплува во зимското одело обезбедено во транзитниот центар за бегалци и мигранти во Гевгелија
UNICEF/2016/Georgiev Во просторот по мерка на децата на УНИЦЕФ во Гевгелија, бебето се затоплува во зимското одело набавено се средства од Одделот за хуманитарна заштита и цивилна заштита на Европската комисија (ECHO).

Во текот на зимскиот период на Балканот, тешкото патување на доенчињата и децата беше дополнително влошено од лошите временски услови, несоодветната облека на ниските температури и дождот, снегот и силниот ветар.

Деца учествуваат во ликовни активности со психолози и социјални работници што работат во катчето по мерка на децата во транзитниот центар за бегалци и мигранти центар.
UNICEF/2016/Georgiev Во Гевгелија, децата учествуваат во ликовните активности со психолозите и социјалните работници кои работат во катчето по мерка на децата и ширум транзитниот центар.

Помагањето на децата да ги пребродат тешките искуства преку активности за развој на вештини и механизми за справување претставува клучна компонента на психосоцијалната поддршка која ја даваат УНИЦЕФ и партнерите. 

Младо девојче се подготвува да дојде на ред во забавната игра пикадо во транзитниот центар Винојуг во Гевгелија.
UNICEF/2016/Georgiev Младото девојче се подготвува да дојде на ред во забавната игра пикадо во транзитниот центар Винојуг во Гевгелија.

Секое дете кое патува во потрага по безбедност и подобар живот има потреба да биде заштитено и да ги ужива правата кои се гарантирани со Конвенцијата за правата на детето, вклучувајќи го и правото на релаксација и одмор. 

Осумгодишната Винда од Сирија се смее во катчето по мерка на децата на УНИЦЕФ во Гевгелија.
UNICEF/2016/Georgiev Осумгодишната Винда од Сирија се смее откако си играше и се одмараше со своите три сестрички и братчиња во катчето по мерка на децата на УНИЦЕФ во Гевгелија.

Давањето надеж значи и да им се овозможи оддишка на децата долж долгиот пат кон безбедност. 

Под сјајот на убавото зајдисонце, еден од партнерите на УНИЦЕФ во Гевгелија го врти јажето за скокање на едно мало девојче.
UNICEF/2016/Georgiev Под сјајот на убавото зајдисонце, еден од партнерите на УНИЦЕФ во Гевгелија го врти јажето за скокање на едно мало девојче.

Децата заслужуваат да ги зачуваат своите надежи и соништа дури и во најтешките моменти. 

Работата на УНИЦЕФ е значително поддржана од Одделот за хуманитарна помош и цивилна заштита на Европската комисија (ECHO), владите на Јапонија, Германија и Обединетото Кралство, националните комитети на УНИЦЕФ, поединци, корпоративни и приватни партнери.