Науката за играта

Играта не е само забава – таа е од суштинска важност за развојот на вашето дете.

By UNICEF
Jovana and Daria play together (Serbia).
UNICEF/UNI220316/Pancic

Дали знаевте дека мозокот на вашето дете во првите три години од животот се развива повеќе од кога било подоцна во животот? Ова е период на интензивен раст! Добрата вест е дека еден од најдобрите начини да го поддржите развојот на мозокот на вашето дете е всушност доста едноставен и забавен, како за него, така и за вас.

Навидум, играта можеби изгледа само како забава, но за бебињата и малите деца таа е многу повеќе од тоа. Играта придонесува за учење и градење важни животни вештини – од решавање проблеми до изразување идеи – и зајакнување на поврзаноста помеѓу вас и вашето дете. Најважно од сè е тоа што вие сте првиот учител и другар за игра на вашето дете! Се здруживме со Фондацијата ЛЕГО за да истражиме што советува науката за да му помогнете на вашето дете да расте и да се развива преку овие разиграни интеракции.

Ilinca, 5 from Romania helping Karim, 3 from Ukraine build a tower out of LEGO bricks at the Play, learning and parenting hub in Bucharest, Romania.

Кога гради кула, детото вежба физички вештини

Редењето предмети еден врз друг му помага на детето да ги сфати движењето и просторот, вежбајќи сензорно-моторни вештини и развивајќи разбирање за просторот. Овие вештини се важни за одржување здраво, активно тело. Поттикнете го детето да гради и набљудувајте го  што гради, какви звуци и изрази на лицето прави, и наизменично додавајте предмети на градбата – обидете се да направите највисока кула од играчките кои ги поседувате!

Кога заедно играте криенка со предмети, детето гради когнитивни вештини

Работењето на тешката (но забавна!) задача како криење и наоѓање предмети, му помага на вашето дете да вежба концентрација, решавање проблеми и флексибилно размислување. Детето учи да решава сложени задачи и да гради ефективни стратегии за надминување на пречките. Ако ви се чини дека детето станува нервозно, помогнете му, но оставете го само да дојде до решението.

Father plays with child laughing
UNICEF/UN0202878/Szabo

Кога испушта смешни звуци, детето гради социјални вештини

Малите деца природно бараат интеракција преку гугање, изрази на лицето и движења. Обрнете внимание што прави вашето дете, именувајте го она што го прави и одговорете му така што ќе го прилагодите погледот, гласот и движењето. Ова помага да се градат и да се засилуваат нервните врски во мозокот на вашето дете, а со тоа се поддржува развојот на комуникациските и социјалните вештини. Овој вид давање и земање, исто така, ја јакне врската меѓу вас и вашето дете.

Кога пее и танцува, детето гради емоционални вештини

Разбирањето, контролата и искажувањето на емоциите преку градење свесност за себе и справување со моменталните чувства е од витално значење за емоционалниот развој и доживотната благосостојба на вашето дете. Пеењето и танцувањето се одличен начин за изразување и ослободување на чувствата! Заедничкото пеење или танцување нека ви станат активности на зближување.

Children engage in drawing and other acitivties specially designed under Pa Pa Pagli initiative in India.
UNICEF/UNI490205/Panjwani

Кога црпи од својата фантазија, детето гради креативни вештини

Кога вашето малечко седи и го црта сопствениот свет на хартија, тоа ги изразува своите идеи и ги претвора во стварност. Откако ќе заврши, дозволете му да ве прошета низ светот што го создало, а вие прашувајте за она што го гледате. 


Добрата вест е тоа што на децата не им требаат скапи играчки за да играат и да учат. Всушност, веројатно дома ги имате сите работи што ви се потребни за да создадете забавна и привлечна игра со вашето бебе.

За почеток, еве 7 играчки што може да ги направите дома и како секојдневните навики да ги претворите во можности за учење.

Забавувајте се!