Младите иноватори изработуваат решенија за да се стави крај на насилството - #ENDViolence - против децата и меѓу децата во рамки на „Предизвикот за млади лица“ на „Генерација без граници“ (Generation Unlimited)

05 Декември 2018
Една од групите победници на првиот generation unlimited предизвик сликани заедно со претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс
UNICEF/2018

„Предизвикот за млади лица“ на „Генерација без граници“ е дел од неодамна промовираната глобална иницијатива што има за цел да му помогне на секој млад човек да се школува, да учи, да се обучува или да се вработи до 2030 г.

Скопје, 19 ноември 2018 г. – На тридневната работилница за осмислување дизајн, четириесет млади иноватори од целата земја работеа со страст на разработка на дизајнерски решенија со кои ќе се прекине насилството против децата и меѓу децата. Членовите на тимот имаа меѓу 14 и 24 години, а идеите им беа фокусирани на намалување на врсничкото насилство, кибер-врсничкото насилство меѓу младите луѓе и околу нив; на изнаоѓање начини да им се олесни на жртвите да бараат поддршка; и начини да се измени перцепцијата и ставот и да се поттикнат адолесцентите и младите лица да се вклучат во заедниците со јасна цел.

Беа избрани петте идеи со најголем потенцијал и секоја доби поддршка од 1000 долари за финансирање и менторирање со цел да се спроведат проектите во текот на следните месеци.

„Од страста и ентузијазмот на младите луѓе кога станува збор за дизајнирањето, изработката на прототип и решавањето проблеми во тим се гледа дека има надеж и се покажа огромниот потенцијал што го имаат младите да бидат двигатели на промената во однос на некои од најголемите предизвици со кои се соочуваат младите луѓе денеска,“ рече г. Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

Во рамките на „Предизвикот за млади лица“ - што годинава се одржа во 16 земји во светот, меѓу кои и во нашата, од младите лица беше побарано да осмислат решенија со кои ќе се поддржат трите клучни столба на „Генерацијата без граници“: образованието за средношколска возраст; вештините за учење, за можност за вработување и за пристојна работа; и за оспособување. Во нашата земја им се даде фокус на решенијата за #EndViolence против и меѓу децата.

Во светски рамки, до една милијарда деца се жртви на некаков вид насилство. Половина од тинејџерите во светот имаат искусено врсничко насилство во рамките на училиштето и околу него. Состојбата во нашата земја не е различна, каде што половина од децата од 2 до 14 години се жртви на физичка казна во домот, а дури 42% од 13-15-годишните момчиња и девојчиња се жртви на семејно насилство на училиште и/или учествувале во физичка пресметка.

Ова се петте тима кои беа избрани да примат средства за помош во раната фаза и за менторство, за да можат да ги спроведат проектите:

  1. „Андромета“ (Andrometa), кои по обемно истражување дизајнираа интерактивна  мобилна апликација за комуникација, споделување и создавање заедница за поддршка на жртвите.
  2. Тимот „Спес“ (Spes) – чие име на латински значи „надеж“ – осмисли иницијатива со која ќе се започне движење за да се сопре насилството против децата преку улична уметност и неформални состаноци.
  3. Тимот „Интерконектинг солушанс“ (Interconnecting Solutions) осмисли уникатна образовна игра - „СуперПако“ (SuperPako) – со која корисниците одат на интерактивно патување за да го надминат врсничкото насилство и да изнајдат начин да бараат поддршка.
  4. Тимот „Вајоленс фајтерс“ (Violence Fighters) дизајнира интерактивна дигитална игра со која играчите развиваат емпатија откако искусуваат одредени нешта за да разберат што чувствувале жртвите на врсничкото насилство.
  5. Тимот „НУЛА“ (NULA) осмисли идеја за наставна програма за основно и средно образование што се потпира на кратки филмови и сведочења.

Петте проекти што влегоа во потесен избор следниве неколку месеци ќе ги спроведуваат проектите, а потоа ќе ги оцени жири со членови од целиот свет. Победниците на натпреварот во светски рамки ќе добијат уште 20.000 долари како инвестиција, а партнерите на „Генерација без граници“ ќе им обезбедат и програма за менторство скроена по мерка за да можат да го спроведат проектот во целост. „Предизвикот за млади лица“ во нашата земја се спроведува со поддршка на УНИЦЕФ и Лабораторијата за иновации „СмартАп“ (SmartUp Innovation Lab).

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска

Тел: (02) 3231-244

Ирина Ивановска

Тел: (02) 3231-172

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.org.

Следете го УНИЦЕФ на Twitter и Facebook.