Извештај
Aктивности за поддршка на сите ученици вo училиште и вo училница
Овој прирачник за наставници е практичен водич за промовирање на инклузивното образование во училиштето.
Прирачникот за наставници има за цел да ги поттикне наставниците да станат инклузивни практичари. Тој е практичен водич за промовирање на инклузивното образование во училиште, во училница и индивидуално. Прирачникот претставува збирка активности што училишното раководство и наставниците може директно да ги применуваат. Надежта е дека примерите и ресурсите/материјалите дадени во овој прирачник ќе поттикнат идеи кај наставниците и раководните лица во училиштето за развивање натамошни активности кои ќе ги споделат со колегите и со други училишта. Прирачникот не им налага на наставниците што да прават или да не прават, туку едноставно дава примери за она што би можеле да го прават и што е уште поважно, на кој начин би можеле да го прават тоа и зошто.
