Прес центар

Соопштенија за медиумите 2018

Соопштенија за медиумите 2017

Соопштенија за медиумите 2016

Соопштенија за медиумите 2015

Соопштенија за медиумите 2014

Соопштенија за медиумите 2013

Соопштенија за медиумите 2012

Соопштенија за медиумите 2011

Соопштенија за медиумите 2010

Соопштение на медиумите 2009

Принципи на медиумско известување за децата

Како да се заштитите од измама

Промотивни материјали

Календар на настани

 

Со подобра исхрана на децата во градинките и училиштата, до квалитетен ран детски раст и развој

СКОПЈЕ, 9 март 2018: На работилницата на тема ,,Со подобра исхрана на децата до подобро здравје и благосостојба’’ се обратија министерката за образование Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, како и заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски.

На средбата беа претставени наодите од истражувањето за квалитетот на исхраната на децата во градинките и основните училишта. Резултатите покажуваат недостиг од свежо овошје и зеленчук и микронутриенти како што се калциум, железо и цинк, а дека децата внесуваат повеќе шеќер и сол од препорачаните количини. 

Проблемите поврзани со исхраната кај најмладата популација како глобален предизвик се присутни и во нашата земја. Од една страна е проблемот на неухранетост, кој иако со ниско ниво е присутен и кај нашите деца, а од друга страна се прекумерната тежина и дебелината за кои податоците покажуваат дека имаат растечки тренд кај децата во земјата. 

Присуството на овие состојби покажува дека постои одредено ниво на неизбалансираност на исхрана кај најмладите.  Оваа појава претставува сериозен предизвик за кој е потребен сериозен, повеќесекторски и пристап на „цело општество“. 

Се подготвуваат и законски измени кои предвидуваат санкции за неспроведување на Правилникот за стандардите за исхраната и за оброците во основните училишта, а овој правилник ќе биде адаптиран и за градинките.

Според министерката Дескоска, училиштата се оние кои треба да ги научат децата на здрав начин на живот, и целта на образованието е да ги подготви учениците за сите аспекти во животот, вклучувајќи ги и здравиот начин на живеење и исхраната.  Таа дополни дека се предвидени санкции и инспекциски надзори за следење на квалитетот на храната во училиштата. 

,,Дел од семејствата во земјата не можат да понудат избалансирана храна за своите деца. Токму затоа системот и општеството преку градинките и училиштата треба да го задоволи барем минимумот на вредноста на храната што детето треба да ја внесе секој ден’’- посочи министерката Царовска и додаде дека МТСП прави напори да го зголеми опфатот на деца во градинките, со што ќе се постигне и поголем број деца да имаат соодветен оброк.

„Лошата исхрана влијае не само врз физичкиот развој на децата туку го поткопува когнитивниот, емотивниот и социјалниот развој и способноста за учење. Исхраната не е грижа само на поединецот, туку и на целото општество. Промоцијата на добри навики во исхраната во училиштата може да доведе до значителен придонес кон целокупниот развој на детето и да го прекине меѓугенерацискиот циклус на лоши прехрамбени навики,“ рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ. 

 

 

 
Search:

 Email this article

unite for children