Прес центар

Соопштенија за медиумите 2018

Соопштенија за медиумите 2017

Соопштенија за медиумите 2016

Соопштенија за медиумите 2015

Соопштенија за медиумите 2014

Соопштенија за медиумите 2013

Соопштенија за медиумите 2012

Соопштенија за медиумите 2011

Соопштенија за медиумите 2010

Соопштение на медиумите 2009

Принципи на медиумско известување за децата

Како да се заштитите од измама

Промотивни материјали

Календар на настани

 

Владата даде заложба до 2020 година да нема ниедно дете под 3 години сместено во голема институција

СКОПЈЕ, 16 ноември 2017 година– Денес на конференцијата „Семејство за секое дете“, под водство на Министерството за труд и социјална политика, Владата даде заложба до 2020 година да се стави крај на сместувањето деца под 3-годишна возраст во големи институции. Во моментов, околу 250 деца во земјата, од кои 70 се на возраст под 3 години, го немаат правото да живеат во семејна средина.

Конференцијата „Семејство за секое дете“ ја организира Министерството за труд и социјална политика заедно со УНИЦЕФ, и на неа учествуваа околу 300 учесници за да разговараат околу начините за забрзување на реформата со која треба да се стави крај на непотребното згрижување деца во големи институции.

Г-а Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, г. Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската унија, и г. Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ, го отворија настанот, со осврт на реформата за деинституционализација чија цел е трансформација на институциите и на персоналот за да се обезбеди  поддршка на семејни алтернативи на згрижување.
,,Институциите не го даваат ефектот на развој и грижа за децата. Оваа конференција ќе ја заокружиме со јавна заложба дека ќе останеме посветени на оваа реформа и дека ќе создадеме услови- децата од 0-3 години до 2020 година повеќе да не се сместуваат во облиците на институционална заштита. Бидејќи секое дете е важно и бидејќи секое дете треба да расте со топлина, љубов и грижа од друго човечко суштество”, рече Царовска.

“Многу добро разбираме дека сместувањето дете во институција има непосредно и штетно влијание врз развојот на детето.“ рече г. Самуел Збогар, шеф на Делегацијата на Европската унија. „ Европските насоки за транзиција од институција кон грижа на ниво на заедницата нагласува дека ‘кога станува збор за за многу мали деца дури и краткотрајното сместување во институција може негативно да влијае врз развојот на мозокот и да има последици врз емотивната благосостојба за цел живот“.

„Треба да направиме три итни работи; прво треба да работиме со здравствениот систем и со системот на социјални услуги за да го спречиме напуштањето на децата на самиот почеток, второ треба да го подобриме и да го прошириме сместувањето во згрижувачки семејства и посвојувањето. Трето, за децата кои не можат да останат во своето биолошко семејство треба да воспоставиме мали групни домови во кои колку што е можно повеќе ќе се реплицира семеен начин на живеење,“  рече преставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс.

За време на конференцијата меѓународниот експерт, проф. Кевин Браун од Универзитетот во Нотингем, Британија и претставникот на УНИЦЕФ одржаа презентации за ефектите од институционалното згрижување врз раниот детски развој, врз основа на најновите сознанија во неврологијата, психологијата и педијатријата во светот.

Панелисти од Словенија, Црна Гора, Србија и Грузија - земји кои успешно воспоставија одржливи алтернативи на институционалното згрижување во заедницата - споделија практични поуки од регионот. Тие вклучуваат напори за спречување на напуштањето, воспоставување иновативни услуги во заедницата и алтернативни решенија за децата, со посебно внимание врз потребите на децата со попреченост, како и ресурсите за одржување на реформата.

Потврдувајќи дека земјата има цврста основа за претворање на заложбата во реалност до 2020 година, во текот на конференцијата, панел од локални чинители ги сподели своите перспективи за постојните услуги и поддршката во земјата. Водејќи се според принципот дека „Секое дете е важно“, заложбата на Владата значи обврска да се обезбедат услови за секое дете во земјата да расте во безбедна и грижлива семејна средина преку инвестирање во превентивни активности и поддршка на биолошките семејства; развивање нови форми на згрижување и проширување на мрежата на згрижувачки семејства; инвестиции во подобрување на квалитетот на алтернативни решенија за грижа  преку нивна стандардизација; вложување во рана детекција и рана интервенција, и вложување  во самите деца преку зголемување на инвестициите во предучилишното образование и раниот детски развој.         

 

 
Search:

 Email this article

unite for children