Прес центар

Соопштенија за медиумите 2017

Соопштенија за медиумите 2016

Соопштенија за медиумите 2015

Соопштенија за медиумите 2014

Соопштенија за медиумите 2013

Соопштенија за медиумите 2012

Соопштенија за медиумите 2011

Соопштенија за медиумите 2010

Соопштение на медиумите 2009

Принципи на медиумско известување за децата

Како да се заштитите од измама

Промотивни материјали

Календар на настани

 

Бројот на деца-бегалци и мигранти кои патуваат сами зголемен петпати од 2010 г. наваму - УНИЦЕФ

Во пресрет на Г-7, УНИЦЕФ бара од светските лидери да усвојат агенда за акција со шест точки за децата-бегалци и мигранти да останат безбедни

„Ми рече дека ако не спијам со него, нема да ме доведе во Европа. Ме силуваше.“ - Мери, 17 години, Нигерија

ЊУЈОРК, 17 мај 2017 година – Бројот на деца-бегалци и мигранти кои патуваат сами во светот достигна рекордно високо ниво, пораснувајќи речиси петпати од 2010 година наваму, наведе денеска УНИЦЕФ во новиот извештај. Најмалку 300.000 непридружувани и одвоени деца се регистрирани во 80 земји, во 2015 и 2016 година заедно, бројка што изнесуваше 66.000 во 2010 и 2011 година.

„Дете си е дете: заштита од насилство, злоупотреба и експлоатација на децата во движење“ претставува глобална слика за децата-бегалци и мигранти, за мотивите зад нивното патување и ризиците со кои се соочуваат на патот. Извештајот покажува дека сé поголем број од овие деца се движат по мошне опасни патишта, честопати на милост и немилост на криумчарите и трговците со луѓе, за да стигнат до својата дестинација, јасно оправдувајќи ја потребата од глобален систем за заштита, со цел да бидат безбедни од експлоатација, злоупотреба и смрт.    

„Дури и едно дете кое патува само е премногу, а сепак денес, има зачудувачки број деца кои го прават токму тоа - ние како возрасни не успеваме да ги заштитиме“, рече заменик-извршниот директор на УНИЦЕФ, Џастин Форсајт. „Безмилосните криумчари и трговци со луѓе ја користат нивната ранливост за лична добивка, помагајќи им на децата да преминуваат граници, само за да ги продадат во ропство и присилна проституција. Срамно е тоа што не можеме да ги одбраниме децата од ваквите предатори.“

Во извештајот е дадена приказната на Мери, 17-годишна малолетничка без придружба од Нигерија, која минала низ траумата да стане жртва на трговија за време на ужасното патување преку Либија до Италија. Кога го опишува криумчарот кој се претворил во трговец што ѝ понудил да ѝ помогне, таа вели „Сé што рече, дека ќе нé третираат добро и дека ќе бидеме безбедни, сé беше погрешно. Сé беше лага.“ Мери била заробена во Либија повеќе од три месеци, каде била злоупотребувана. „Ми рече дека ако не спијам со него, нема да ме доведе во Европа. Ме силуваше.“

Другите клучни наоди во извештајот се:

  • 200.000 деца без придружба побарале азил во околу 80 земји, во 2015-2016 година.
  • 100.000 деца без придружба биле уапсени на границата меѓу САД и Мексико во 2015-2016 година.
  • 170.000 деца без придружба поднеле барање за азил во Европа во 2015-2016 година.
  • Децата без придружба и одвоени од семејствата изнесувале 92 проценти од сите деца кои по море пристигнале во Италија во 2016 г. и во првите месеци од 2017 година.
  • Децата изнесуваат околу 28 проценти од жртвите на трговија со луѓе на глобално ниво.
  • Супсахарска Африка, Централна Америка и Карибите имаат најголем процент на деца меѓу откриените жртви на криумчарење, со 64 и 62 проценти, соодветно.
  • Дури 20 проценти од криумчарите се поврзани со мрежите за трговија со луѓе.

Во пресрет на Самитот на Г-7 во Италија, УНИЦЕФ ги повикува владите да ја усвојат неговата агенда за акција со шест точки, заради заштита и обезбедување благостостојба на децата-бегалци и мигранти.

„Владите во светот треба вистински да се заложат за да ја осигурат безбедноста на овие деца во текот на нивните патувања“, изјави Форсајт. „Лидерите на Г-7 кои ќе се состанат следната недела треба да ги предводат напорите со тоа што ќе бидат први кои ќе се заложат за нашата агенда за акција со шест точки.“

Агендата за акција на УНИЦЕФ вклучува:

1. Да се заштитат децата-бегалци и мигранти, особено децата без придружба, од експлоатација и насилство;

2. Да се стави крај на притворањето деца кои бараат статус на бегалци или мигранти, преку воведување низа практични алтернативи;

3. Да се сочуваат семејствата заедно како најдобар начин за заштита на децата и да им се даде законски статус на децата;

4. Сите деца-бегалци и мигранти да продолжат со учење, и да им се даде пристап до здравствени и други квалитетни услуги;

5. Да се изврши притисок за акција околу основните причини за големите преселби на бегалците и мигрантите;

6. Да се преземат мерки за борба против ксенофобијата, дискриминацијата и маргинализацијата во земјите на транзит и дестинација. 

Исто така, УНИЦЕФ ја повикува јавноста да покаже солидарност со децата раселени поради војна, насилство и сиромаштија, преку поддршка на агендата за акција со шест точки.

###

Белешка за уредниците: преземете го целосниот извештај, фотографиите, видеото и б-ролната тука: http://uni.cf/2qa2cKc

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги унапредува правата и благосостојбата на секое дете, во сè што правиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја преведеме заложбата во практична акција, фокусирајќи посебни напори врз досегање до најранливите и најисклучени деца, за доброто на сите деца, насекаде. 

За повеќе информации околу УНИЦЕФ и неговата работа за децата, посетете ја страницата: www.unicef.org.  

Следете го УНИЦЕФ на Tвитер и Фејсбук

За повеќе информации, обратете се на:

Кристофер Тајди, УНИЦЕФ Њујорк, +1 917 340 3017, ctidey@unicef.org     

 

 
Search:

 Email this article

unite for children