Прес центар

Соопштенија за медиумите 2017

Соопштенија за медиумите 2016

Соопштенија за медиумите 2015

Соопштенија за медиумите 2014

Соопштенија за медиумите 2013

Соопштенија за медиумите 2012

Соопштенија за медиумите 2011

Соопштенија за медиумите 2010

Соопштение на медиумите 2009

Принципи на медиумско известување за децата

Како да се заштитите од измама

Промотивни материјали

Календар на настани

 

Презентација на Водичот за родители за здравје, раст и развој на детето

Скопје, 5 мај 2017: Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари го претстави првиот водич за родители на деца од 0 до 3 години. Овој водич е изработен во соработка со Министерстовот за здравство, Здружението на педијатри, Здружението на неонатолози и Здравствен дом – Скопје со поддршка од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

„Патронажните сестри се клучни за унапредување на здравјето на мајката и на детето. Патронажните сестри се оние кои по раѓањето на детето први влегуваат во семејството и први даваат совети за грижа на новороденчето. Затоа патронажните сестри ќе имаат главна улога во споделување на советите од Водичот за родители за здравје, раст и развој на детето.“

Водичот за родители содржи совети и информации за сè што треба да знае еден родител за најважните аспекти на здравјето, растот и развојот вклучувајќи правилна исхрана и доење, календар на имунизација, дијаграми на раст во висина и тежина, орално здравје, безбедност на детето и стимулација на менталните, физички, социјални и емоционални вештини,“ рече г-а Велка Лукиќ, претседател на Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари  на Република Македонија.

„Родител се станува природно – но да се биде добар родител кој знае што е најдобро за неговото дете не е секогаш лесно. Треба знаење. Затоа е важно родителите да добијат помош, поддршка и некој кому можат да се обратат за совет од првиот ден по раѓањето на детето. Со помош на овој прирачник сите родители ќе добијат можност да го прават најдоброто што можат во грижата за своите деца,“ рече г-а Елспет Ериксон, заменик претставник на УНИЦЕФ.   

Патронажните сестри ќе го споделат Водичот за родители на родителите на сите новородени деца во земјата при својата прва посета.  Исто така патронажните сестри ќе можат да го следат целосниот развој на бебињата и на малите деца,  да идентификуваат рани знаци на развојни тешкотии и да обезбедат поддршка за родителите и семејествата. 

 

За повеќе информации обратете се на: Suzie Pappas Capovska, UNICEF Skopje (02) 3231-150 (ext: 127), 072 236 725 or spappas@unicef.org or Irina Ivanovska, UNICEF Skopje (02) 3231-150 (ext: 107), 072 236 722 или iivanovska@unicef.org 

 

 
Search:

 Email this article

unite for children