Кампањи

Кампањи

#ДецатаПреземаат

Биди фер - за детство без пречки

Првите моменти се важни - кампања за ран детски развој

Кампањата на УНИЦЕФ #ЗаПравиченСвет

Почит за различностите и мултикултурализам во програмите за ран детски развој

Детските права не се паднати од Марс

На секое дете му треба семејство

 

Кампањи

 
Ова е ден за децата, од децата, кои во целиот свет ќе помогнат да се спасат детски животи, ќе се борат за своите права и за да им се помогне да го исполнат својот потенцијал.

 


 

Биди фер - за детство без пречки

Кампањата е изготвена за да ја мобилизира јавната свест и да обезбеди широка поддршка за правата и вклучувањето на децата со попреченост. Таа се спроведува како дел од регионалниот проект „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и во Турција“, финансиран од ЕУ и кофинансиран од УНИЦЕФ. 

Првите моменти се важни - кампања за ран детски развој

УНИЦЕФ започна со #EarlyMomentsMatter (#ПрвитеМоментиСеВажни), нова кампања поддржана од Фондацијата ЛЕГО за да ја зголеми свеста околу значењето на првите 1.000 дена во животот на детето, како и околу влијанието на раните искуства врз развојот на мозокот. За време на овој пресуден период, мозочните клетки може да градат и до 1.000 нови врски секоја секунда - брзина што се јавува само еднаш во животот.


УНИЦЕФ #ЗаПравиченСвет кампања

 УНИЦЕФ заедно со група активисти започнува со кампања за да поттикне акција преку која ќе се смени начинот на кој општеството гледа на децата со попреченост и начинот на кој се однесува кон нив. Стигматизацијата, ставовите и недостигот на свесност придонесуваат кон дискриминацијата и отфрленоста со кои се соочуваат децата со попреченост. 

Почит за различностите и мултикултурализам во програмите за ран детски развој

Видео, постери, брошури, карти и други материјали од Дружината Мела, што промовираат почит и мултикултурализам во програмите за ран детски развој

 

Детските права не се паднати од Марс

По Ги, Плуфко, КоННка, Цип и ТиЈа се пет пријатели - вонземјани што се дојдени на Земјата да научат повеќе за детските права и потоа да го применат знаењето на нивните планети. Придружете се на нивната авантура преку Интернет играта за детски права "Детските права не се паднати од Марс".

 

Првите пет се најважни на свет

Кампања што го промовира значењето на работата и вниманието посветено на петте развојни домени (социо-економски развој, физишки-моторички развој, јазик и писменост, когнитивен развој и развој на приод кон учење) за целосниот развој на децата во првите пет години. Видеа, промотивни материјали и образовни материјали се достапни тука

Заедно за училишта без насилство

УНИЦЕФ и партнерите започнаа кампања за да се подигне свеста за важноста од училишта без насилство. Тоа е и повик за акција, со дефинирани чекори што се потребни за да се запре и превенира од насилство во училиштата низ земјата. Повеќе информации се достапни 

 

 
Search:

 Email this article

unite for children