УНИЦЕФ поддржува етнички интегрирано образование преку вон-наставни програми во новите младински центри

Ивана Давитковска од младинскиот центар Мулти-Култи дава изјава за медиумите на отворањето на центарот

Куманово, 23 јуни 2010:  Г-дин Шелдон Јет, претставник на Фондот за деца на Обединетите Нации (УНИЦЕФ) и г-дин Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово официјално го отворија Мултикулти младинскиот центар во Куманово.  Младинскиот центар е прв од трите центри кои ќе бидат отворени во етнички мешани заедници во земјата.  Преку младинските програми и вон-наставните активности, Мултикулти младинскиот центар на младите луѓе од етнички мешаните заедници ќе им нуди дополнителни можности за социјализација и запознавање на врсниците надвор од нивните етнички групи.   

“За жал, поделбата во училиштата врз основа на јазикот на наставата резултираше во недоволно можности за младите луѓе од различно потекло да се среќаваат и да работат заедно. Тоа за возврат придонесе кон  ставот ‘Ние наспроти Тие’ кај некои од учениците и ги поттикна етничките предрасуди да останат и да се интензивираат,” рече г-дин Шелдон Јет, претставник на УНИЦЕФ. “Социјалните врски се значаен дел за градење на довербата и почитта,” рече Јет. 

Според неодамнешната студија на УНИЦЕФ за мултикултурализмот и меѓуетничките односи во образованието, бројот на повеќејазичните основни училишта е намален во текот на последните десет години од 72 на 63.  Многу училишта ширум земјата се поделени по етничка и јазична линија. Ваквиот тренд придонесе некои од учениците да имаат стереотипи и ставови на предрасуди против оние кои се надвор од нивните етнички заедници.

Како одговор на таквата ситуација, УНИЦЕФ работи со Програмата за развој на Обединетите Нации, Организацијата за наука, образование и култура на Обединетите Нации и во партнерство со Секретаријатот на охридскиот рамковен договор за да се промовира толерантноста и почитувањето за етничките и културните разлики. Заедничката програма ја финансира владата на Шпанија преку Фондот за достигнување на милениумски развојни цели. 

Преку оваа заедничка програма на ОН, УНИЦЕФ исто така работи со Министерството за образование и наука за да обезбеди дека училишните заедници се поспособни да се справат со пошироките прашања поврзани со мултикултурализмот. УНИЦЕФ исто така ќе работи со училиштата во Куманово, Кичево и Струга за да се градат капацитетите на управните структури во училиштата – училишните одбори и советите на ученици и наставници   - за да се обезбеди дека механизмите за управување во училиштата се транспарентни и се засноваат на демократски принципи. 

Мултикулти младинскиот центар ќе нуди програми и вон-наставни активности како што се проекти по завршувањето на училиштето; курсеви за лидерство, фотографија, англиски јазик, новинарство, театар, анимации, и филм и многу други активности кои се дизајнирани за да се промовира толерантност и подобрена комуникација помеѓу младите во Куманово.  Слични центри ќе бидат отворени во текот на следните месеци во Кичево и Струга.

За повеќе информации, контактирајте со:
Сузи Папас Чаповска, Communications Officer, УНИЦЕФ Скопје, (02) 3231-150 (локал :127),
072  629 325 or spappas@unicef.org

 

 

Español Français

 

 

Мулти-Култи Куманово