Приказни од животот

Приказни од животот

Подготовка за најдобар почеток во училиште

Децата од улица дома

 

Примена на пристапот “Цело училиште” за спречување на насилството

“Тимот за ненасилно однесувањеr” од “Димо Хаџи Димов” со гордост ги прикажува детските стрипови од една вежба која наставничката по ликовно Анета Корун ја одржа во врска со ненасилството и позитивното однесување.

На една од рутинските теренски посети  на кои разговараме со наставниците за напредокот кој го остваруваат во однос на  спроведувањето на плановите за спречување на насилството, кај „тимот за ненасилно однесување„ во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ Скопје забележавме дека преовладува духот на конкурентност, но и на поддршка.  Додека Виолета Ѓорѓиева, психолог во училиштето, зборуваше за самопроценката и за политиката и планот на училиштето, останатите членови на тимот со нетрпение чекаа да ги споделат своите примери за тоа како го интегрираат ненасилното однесување, и како го промовираат позитивното однесување секојдневно во нивните училници.

“На мојот час по македонски јазик, работевме на задача за тоа како би изгледало доколку повторно ја напишеме историјата, така што проблемите се разрешени на ненасилен начин,” вели наставникот Марјан Костовски.  “Јас одржав час за тоа како да се идентификуваат различни емоции, како да се канализира агресијата, и како да се разреши конфликт  со ненасилни методи,” вели педагогот во училиштето, Милка Ивановска.  “Забележавме дека децата поставуваат навредливи пораки на профилите на Фејсбук на останатите деца, и затоа на часот на кој учевме за Power Point, од учениците побарав да подготват презентации за малтретирање на интернет,” вели Магдалена Мојсовска.

Формирањето на  “тимот за ненасилно однесување” – составен од наставници, психологот, и педагогот во училиштето и директорот на училиштето -  беше една од првите активности кои беа преземени во училиштето за да се намали и спречи континуираното физичко и психичко насилство во училиштето Димо Хаџи Димов. 

Иако се горди на своите заложби, во тимот признаваат дека има уште многу работи да се направат пред да кажат дека нивното училиште е “училиште без насилство”.

Поттикнување на позитивни односи помеѓу училишниот кадар и учениците…

УНИЦЕФ, со финансиска подршка од ИКЕА и други донатори, подготви пакет на системски интервенции со кои училиштата ќе станат безбедна и заштитена средина во која децата ќе се развиваат. 

Иако се забележува дека плановите за ефективна превенција и намалување повикуваат на реакција на повеќе чинители, училиштата беа идентификувани дека имаат централно место за да се постигне промена кај наставниците, децата, родителите и локалната заедница.

По учеството на обуката за намалување и спречување на насилството, и со тековната поддршка од тимот на фасилитатори за серијата обуки, тимот во училиштето Димо Хаџи Димов и 21 други основни училишта во земјата започнаа да применуваат пристап  “цело училиште” како одговор на насилството во нивните заедници.

Обуката и поддршката,  така што училиштата ќе можат да го применуваат пристапот “цело училиште” за да се спречи и намали насилството, а наставниците да усвојат техники за  “однесување за учење”  во секојдневната работа, е само една компонента од оваа програма. Со финансиска помош од ИКЕА и други донатори, УНИЦЕФ поддржува пакет на системски интервенции:
• Национална политика, стратегија и водство;
• Наставен план за образование за животни вештини; и
• Комуникација за активности за менување на однесувањето и ставовите.

Начелата кои се вградени во училишните активности се надградуваат на голем број на студии во кои е прикажано дека казнувањето не е ефектвно за да се намали насилството, и дека најуспешни се стратегиите кои се засноваат на градење на позитивна култура во училиштето. 

Честопати родителите бараат од училиштата да го зголемат надзорот за да се заштитат нивните деца, меѓутоа овие мерки не даваат долгорочни решенија.

Иако училиштето “Димо Хаџи Димов” ангажираше лица за обезбедување како дел од првичната реакција, тимот признава дека тоа е само краткорочна реакција од типот на “преврска”, и дека награденото добро однесување и промовирањето на толерантноста, почитта и дијалогот се многу поефективни начини да се спречи појавата на насилство.

За наставниците обуката е особено корисна, и тие се благодарни за тековната поддршка која се дава во текот на посетите од страна на меѓународни и домашни фасилитатори за обуките и претставниците од Бирото за развој на образованието, и ги споделуваат своите искуства од праксата со нивните соработници од останатите училишта преку онлајн заедницата.

Училишниот психолог, г-ѓа Георгиева, исто така истакнува дека наставниот план за наставата по животни вештини е одличен ресус за интегрирање на овие принципи во секојдневната работа во училницата.  “Сфативме дека кога изолирано зборуваме за насилното и ненасилното однесување тоа нема толкаво значење како кога зборуваме за овие појави во одреден контекст: -токму они мали нешта кои наставниците ги интегрираат во секојдневната работа во училницата, сé оние кои имаат најголемо влијание.” вели Георгиева. 

Од мај 2011, ќе се одвива серијата обуки во 120 основни училишта, и се очекува дека програмата ќе биде спроведена во сите основни училишта до крајот на училишната година 2011-2012.

….и промовирање на осмислено вклучување на родителите

Покрај тоа што час и половина зборувавме за големите постигнувања на училиштата, “тимот за ненасилно однесување” смета дека тие се наоѓаат на самиот почеток. 

Сепак, тие можат да ги видат влијанијата уште сега.  “Родителите, чии деца претходно имаа лошо однесување, ни кажаа дека забележуваат позитивни промени во однесувањето на нивните деца.”  “Гледаме дека има деца кои претходно беа изолирани, а сега се прифатени од нивните врсници.”   

Тимот кажува како нивните колеги се премногу благодарни што сега имаат експертски тим – специјализирана група со која тие можат да се консултираат. Она што навистина му е потребно на тимот, вели наставничката Ирена Баљовска и нејзините соработници, е дека имаат потреба од тековна поддршка за да можат да го одржат моментот.

Иако се горди што нивните колеги покажаа многу мал отпор околу имплементацијата на програмата, тие признаваат дека понекогаш е тешко за наставниците да прифатат дека “вербалната агресија” не треба да се користи како начин на кој децата треба да се однесуваат.

 “Мораме да разбереме дека наставниците исто така се луѓе и понекогаш за нив е тешко да ги контролираат сопствените фрустрации и емоции, особено во полна училница,” вели г-ѓа Ѓорѓиева.  Со одреден оптимизам дека сите нејзини колеги еден ден ќе живеат и ќе дишат со принципите за однесување во учењето, г-ѓа Балиовска понатаму вели “Но, ние како тим прифаќаме дека професионалноста се развива кога учиме од сопствените грешки.”

Како и останатите училишта кои се дел од програмата, тимот во “Димо Хаџи Димов” разгледува начини како да ги вклучи родителите на осмислен начин за да се се обезбеди ефективност и доследност во поддршката за децата во домот и во семејството. Иако тие се охрабрени од вклученоста на поединечни родители, тие истакнуваат дека треба да се вклучат повеќе родиели во пристапот кој подразбира цело училиште. 

 22 училишта кои го применуваат пристапот “цело училиште” за намалување и спречување на насилството: 
 Спроведуваат само-евалуација за да ги за да ги проценат главните проблеми во училиштето
 Развиваат политика и акциски план за училиштето
 Спроведуваат наставни и вон-наставни активности за да се поттикне позитивно однесување и да се промовира ненасилно однесување
Го охрабруваат учеството на децата
Родителите и локалната заедница се вклучени на осмислен начин

“Многу сме среќни што имаме еден родител кој работи во невладина организација и кој се согласи да ни помогне да одржиме неколку округли маси за да дискутираме со родителите за спречување на насилството”, вели наставничката Ирена Бајловска.  Меѓутоа, останува проблемот околу потребата да се ангажираат повеќе родители на осмислен начин.  “Кога побаравме од родителите да пополнат еден анонимен прашалник, многу од нив имаа оставено неколку прашања неодговорени,” вели г-ѓа Ѓорѓиева.  Меѓутоа, училиштето има план како да се работи понатаму.  Тие планираат да ја претстават – како што ја нарекуваат - нивната “скромна” политика и да побараат повратни информации во текот на дискусиите на округлите маси и со советот на родители.

Со помош од УНИЦЕФ, од “тимот за ненасилно однесување” се оптимисти дека наскоро ќе дојде денот кога тие конечно ќе го раскинат договорот со компанијата за обезбедување, која беше ангажирана без голем ентузијазам во нивните првични обиди да го спречат насилството и да го заштитат училишниот имот.

 

 

 
Search:

 Email this article

unite for children