Приказни од животот

Приказни од животот

Подготовка за најдобар почеток во училиште

Децата од улица дома

 

УЧЕЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ЖИВОТ: Користење на моменти од секојдневниот живот да се научат децата на ненасилно однесување

Ученици во трето одделение во училиштето “Љубен Лапе” во Скопје кои прават стратегија за нивниот однос кон пошироката средина

Во училницата каде Викторија Пауновска работи со ученици од трето одделение во училиштето  Љубен Лапе во главниот град Скопје, возбудени децата се туркаат околу катедрата и зборуваат за стратегија.  Денеска часот е посветен на животната средина, а тие се на средина со одговорите на „Зелениот квиз“ на младата учителка – тоа е еден посебен прашалник кој има за цел да ги сензитивизира децата во врска со нивниот однос кон животната средина. Иако со темата на денешната сесија за животни вештини експлицитно не се работи на справување со насилството во училиштето, со сигурност на оваа сесија се поттикнува дискусија за ова прашање во врска со почитта за живите суштества, а Викторија го користи овој момент тоа да го поврзе со сесијата од минатата седмица кога зборуваа за насилното однесување.

На прашањето да ја опишат разликата помеѓу кинење на лист и кршење на гранка од дрво, младата Софи одговара, “Да се скине лист е како да се искорне влакно, додека пак да се скине гранка е исто како некому да му ја скршите раката.”

Правејќи аналогијата со насилството, Викторија ги потсетува децата за насилното и ненасилното однесување – теми кои тие ги дискутираа минатата седмица во текот на сесијата кога сите преку играњето на улоги бараа ненасилно решение за приказната „Задевајќи ја Леа“.

Оваа и многу слични вежби во училницата се преземени  од наставниот план за Образование за животни вештини на УНИЦЕФ за  IV до VI одделение.  Програмата  беше воведена како дел од пакетот интервенции за справување со зголеменото насилство врз и помеѓу децата во училиштето.

Наставниот план за наставата по животни вештини се фокусира на градење на вештини, ставови и знаење кои се потребни за да се направи позитивен избор….

Загрижени заради континуираното високо ниво на физичко и психолошко насилство, УНИЦЕФ со финансиска поддршка од ИКЕА и други донатори, подготви пакет на системски интрвенции за да училиштата станат безбедна и заштитена средина во која децата ќе можат да се развиваат. 

Со финансиска помош од ИКЕА и други донатори, УНИЦЕФ поддржува системски пристап за спречување и намалување на насилството во училиштата. Пристапот вклучува:

• Национална политика, стратегија и водство;
• Обука и поддршка за училиштата за да можат да го применат пристапот  “цело училиште” за да се спречи и намали насилство, а наставниците да применуваат техники за “однесување за учење” во училницата;
• Наставен план за наставата по животни вештини; и
• Комуникација за промена на однесувањето и ставовите
.

Иако програмата вклучува серија на интервенции за да се обезбеди сигурност дека ова прашање е опфатно во целиот систем, подготовката на наставен план за зајакнување на мирољубивата комуникација и разрешување на конфликти, а кои се поддржани со вон-наставни активности, беше идентификувано дека е од клучно значење  за да се обезбеди промена во однесувањето на децата.

Во 2009, образованието за животни вештини беше воведено за да се поддржи индивидуалниот, емотивниот и социјалниот развој на децата.  Тука спаѓаат најразлични теми од животна средина до разрешување на конфликти, меѓутоа клучно фокусот е на градење на вештини кои им се потребни на децата за да направат позитивен избор во животот.

Со поддршка од УНИЦЕФ, оваа програма беше отпочната во сите основни училишта, преку серија на обуки и подготовка на  материјали за наставниците кои се прилагодени на возраста.  Наставниците сметаат дека наставниот план е особено корисен заради добро развиените прирачници и интерактивната методологија, а децата го сакаат бидејќи е забавно и бидејќи можат исто така да ги поврзат и применат стекнатите знаења и вештини во секојдневните ситуации.

Директорот на училиштето, Благица Андреевска, го истакна ентузијазмот на наставниците кога станува збор за спречување на насилството и животните вештини, и како овој помалку необичен предмет го поттикнал интересот и вклученоста на наставничкиот кадар.

“Работиме како тим, и одржуваме редовни состаноци со сите вклучени наставници за да ги испробаат новите идеи и да се поттикнуваат помеѓу себе.

Среќна сум што гледам дека се подобрува квалитетот на наставата, а нашите наставници се ентузијасти да ги пробаат новите методологии како што се пристапот за животни вештини, особено за разрешување на конфликти.”

Наставничката во трето одделение Викторија Пауновска го поставува прашањето “Зошто мачките сакаат да бидат галени?” – прашање со кое се поттикнува дискусија за ненасилство.

….и гради ненасилни интерперсонални вештини

Меѓутоа, првиот знак на успех е да се види како можат учениците креативно да ги формулираат одговорите на целните прашања. 

Работејќи на проблемите од ‘Зелениот квиз’, младите ученици на Викторија покажуваат особено остроумно пресудување и сензитивност. Правејќи аналогија со нивното искуство и основа на знаење, тие можат да ги прошират своите гледишта за светот и да создаваат лекции за насилството, одговорноста и правичноста.

На пример, кога се поставува прашањето „зошто мачките сакаат да бидат галени“ 10-годишниот Мартин одговори, “Со животните треба да постапуваме со почит и за нив треба да се грижиме како за нашите пријатели. Доколку се слушаме и разбираме помеѓу себе, нема да се вознемируваме помеѓу себе и да се тепаме”.

Образованието за животни вештини на децата им помага: 

• Да развијат самодоверба и позитивна слика за себе;
• Да ги идентификуваат и искажат своите емоции;
• Да се справат и со успехот и со неуспехот;
• Да ги прифатат разликите и да се справат со насилно однесување;
• Да комуницираат со и да ги почитуваат другите луѓе;
• Да носат позитивни одлуки; и
• Да градат позитивни ставови.

Кога сите групи ги претставија своите одговори на разни прашања, наставничката ги насочи да размислуваат за тоа како ќе го применат тоа што го научија во нивниот живот. Неколку деца наведоа идеи за тоа како тие ќе се однесуваат со останатите деца. Меѓутоа, сé уште се одвива процесот за најзначајната лекција; животните вештини се оснесуваат  на методот на соработка исто толку колку и на резултатот.

Зборувајќи за своите врсници, едно друго мало девојче Светла забележа, “секој во групата помогна да донесеме одлука. Тие понудија многу решенија. Кога се соочуваме со проблем, треба сите ние да работиме заедно, бидејќи заеднички можеме да ги изнајдеме најдобрите решенија.”


 

 

 
Search:

 Email this article

unite for children