UNICEF - Прес центар - Мултикултурни работилници поддржани од УНИЦЕФ поттикнуваат толеранција и комуникација помеѓу деца од различни етнички групи (27-28 јануари 2011)

Прес центар

Соопштенија за медиумите 2016

Соопштенија за медиумите 2015

Соопштенија за медиумите 2014

Соопштенија за медиумите 2013

Соопштенија за медиумите 2012

Соопштенија за медиумите 2011

Соопштенија за медиумите 2010

Соопштение на медиумите 2009

Принципи на медиумско известување за децата

Како да се заштитите од измама

Промотивни материјали

Календар на настани

 

Мултикултурни работилници поддржани од УНИЦЕФ поттикнуваат толеранција и комуникација помеѓу деца од различни етнички групи (27-28 јануари 2011)

Учесници на мултикултурна работилница, УНИЦЕФ Македонија
Учесници на конференцијата за време на работа во група

Скопје, 27-28 јануари 2011 година: Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), заедно со Бирото за развој на образованието и Центарот за човекови права и разрешување на конфликти промовираше низа на мултикултурни работилници за основните и средните училишта за време на дводневна конференција за мултикултурност и учество на децата.  Составувањето на работилниците е дел од постојната поддршка на УНИЦЕФ за подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка во поранешната Југословенска Република Македонија.

“Толеранцијата и почитувањето на разликите треба да се негуваат во текот на целиот развој на детето, со цел децата да добијат целосна претстава за вредноста и богатството на мултикултурноста. Прилагодени за различни возрасни групи, овие мултикултурни работилници низ игра и интеракција им овозможуваат на децата од различно етничко и културно потекло да ги научат и да ги ценат разликите меѓу нив," изјави Нора Шабани, специјалист за образование при УНИЦЕФ.

Собрани и резимирани во прирачник [Збирка на избрани мултикултурни работилници за основни и средни училишта], разработени беа шеесетина работилници кои беа спроведени како пилот-активности во седум основни и пет средни училишта во разни општини.  Главната цел на работилниците е да се поттикнува комуникација, почитување и соработка кај децата, и да се понуди модел за мултикултурни вон-наставни активности со потенцијал да се прошират во сите училишта во земјата.

“Пилот-училиштата ги спроведоа работилниците и успеаја да привлечат голем интерес и учество од учениците и наставниците. Се надеваме дека работилниците ќе се спроведуваат во истиот дух во сите училишта во земјата, со цел да се поттикне почитување, толеранција и соработка преку демократско учество,” изјави Виолета Петроска – Бешка, директор на Центарот за човекови права и разрешување на конфликти.

За време на дводневната конференција истражувачки тим од Квинс Универзитетот од Белфаст, Северна Ирска, исто така понуди свои искуства од областа на изработка на мултикултурни образовни програми.  Истражувачкиот тим во моментов е во земјата со цел да ги проучи потребите за градење на капацитети, што ќе послужи за изработка на програми кои ќе се спроведуваат од пролетта 2011 година.

“Замислата што ја промовиравме денес има огромен потенцијал за создавање на можности за надминување на предрасудите кај оние што не се припадници на матичните заедници на учениците – но, за тоа се потребни ресурси и посветеност на сите нивоа, од училишните заедници до политичарите“, рече г-ѓа Џоáн Хјуз, директор на истажувања на Квинс Универзитетот.

Работилниците и конференцијата за мултикултуралноста и демократското учество се поддржани од УНИЦЕФ во рамките на заедничката програма на ОН за "Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка". Заедничката програма ја спроведуваат Програмата за развој при Обединетите нации, Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации и УНИЦЕФ во соработка со Секретаријатот на Охридскиот рамковен договор.  Програмата има за цел да поттикне толеранција и почитување на етничката и културна разновидност, и е финансирана од Владата на Шпанија преку Фондот за постигнување на Милениумските развојни цели.

Во рамките на заедничката програма на ОН, УНИЦЕФ неодамна обезбеди поддршка и за Бирото за развој на образованието, за изработка на критериуми за оценување на учебниците со цел да се обезбеди нивно придржување кон упатствата за промовирање на културна и етничка различност.  Ако сакате да дознаете повеќе, преземете ја Методологијата за оценување на учебниците.

За дополнителни информации обратете се до:
Сузи Папас Чаповска, Одговорна за комуникации, УНИЦЕФ Скопје, (02) 3231-150 (лок. 127),
072  629 325 или spappas@unicef.org
 

 

 
Search:

 Email this article

unite for children