Здравје- да, стигма- не!

Блог од младите репортери на УНИЦЕФ Михаела Занева (15), Ева Пецалевска (15), Ерблин Јакупи (16), Емир Талха Турал (16) и Дарио Королија (20)

UNICEF Young Reporters
A girl looking out the window at a nearby park
Eva Pecalevska
26 Мај 2020

Глобалната пандемија на КОВИД-19, го разниша светот. Секојдневието ни стана поинакво, а јавното здравје стана заедничка одговорност. Сега, повеќе од било кога досега, грижата за нашето ментално здравје стана еден од најважните предизвици за младите луѓе.  

„Многумина од нас би сакале да станат херој или хероина. Одеднаш светот ни ја пружи таа шанса. Но, не сме сите подготвени за тоа. Во секој случај постојано се потсетуваме дека треба да бидеме силни“.  

Сите треба да зборуваме отворено за нашите чувства и емоции без да се срамиме. Апсолутно нема од што да се срамиме. Никој не заслужува сам да поминува низ тешките мигови. Работите секогаш се полесни кога знаеш дека не си сам и дека имаш некој покрај себе, со кого можеш да разговараш и да ги споделиш своите чувства.   

  „Некои луѓе го сметаат менталното здравје за табу тема, па така многумина не зборуваат отворено на оваа тема и јас мислам дека ова е најлошото нешто што му се случува на нашето општество, особено во овие времиња“. 

 

Ефектите од изолацијата врз менталното здравје на младите 

Изолацијата ни го промени животот на сите, но исто така направи многумина од нас да чувстуваат дека немаат никаква контрола над ситуацијата. Еве неколку примери споделени од луѓе во изолација:  

  • По долгото време поминато во изолација со блиските, почнуваме да се чувствуваме осамено и покрај тоа што не сме сами.  
  • Честопати чекаме времето едноставно да помине.  
  • Чувствуваме тага, исцрпеност, страв и збунетост. Честопати, како што поминува времето, стануваме бесчувствителни.  
  • Луѓето со постоечки ментални состојби во облик на депресија и вознемиреност се изложени на поголем ризик. Големата паника создадена од луѓето може да има огромен негативен ефект врз нив, затоа секој од нас треба да внимава. 

Сето ова е ново за сите нас. Нормално е да чувстуваме страв и притисок. Но, мораме да се ослободиме од овие негативни емоции. Стресот може сериозно да го наруши нашиот имунитет. Ова може да нѐ направи подложни на заразни заболувања, како што е КОВИД-19. Не смееме да се предадеме. Ништо не е поважно од нашeтo здравје. Да не заборавиме, мислите не се факти. 

 

Како влијае нашиот карактер на начинот на кој се справуваме​​ 

Секој од нас е различен. Сите се справуваме со различни ситуации на различни начини. Некои од нас се екстроверти, други интроверти. Многумина велат дека екстровертите побрзо ќе станат осамени поради нивниот копнеж за комуникација. Интровертите можеби нема да бидат осамени, но по подолг период би имале потреба од контакт. Тоа што нѐ прави исти е потребата за човечки контакти. За сите би било придобивка доколку останеме поврзани и се среќаваме со нашите пријатели онлајн.  

 

„Себеси се сметам за екстроверт. Вообичаено водам многу динамичен живот. Постојано сум во движење и во потрага по нови авантури. Зачудувачки се прилагодив прилично лесно. Цврсто верувам дека насоката на нашиот живот зависи само од сопствените избори. Благодарен сум бидејќи ја поседувам моќта да уживам во моментите онакви какви што се. Сметам дека не постојат добри или лоши времиња. За мене секој миг е дар и се стремам да го извлечам само најдоброто од него. Среќата не е научна фантастика. Таа е секаде околу нас. Само треба да ù обрнеме внимание.” Дарио (20) 

 

  

Совети како да се справиме со изолацијата  

A newly designed room wall
Mihaela Zaneva
Newly decorated part of Mihaela's room
  1. Променете ги секојдневните рутини. 
  2. Направете листа од работи кои би сакале да ги завршите тој ден: Нема потреба целосно да се придржувате кон распоредот и да се вознемирувате ако не завршите се. Обидете се да извршите онолку задачи колку сте во можност. „На пример јас денес во мојата листа напишав дека откако ќе завршам со оналјн часовите, ќе поработам на нашиот блог, а потоа ќе бојам!” Ерблин (16) 
  3. Вежбајте: Секој се чувствува добро по вежбање, затоа зошто да не пробате! 
  4. Најдете ново хоби: Обидете се да цртате, пеете, читате нови жанрови на книги, пробајте да пишувате поезија, пишувајте споменар или започнете свој блог. Нема да зажалите! „Еден начин на кој јас се справувам со потешките моменти додека сме во изолација е дизајнирање на еден дел од мојата соба. Делот го украсувам со мои цртежи или пак цитати кои ми го привлекле вниманието. Ако и вие сакате да се обидете да направите нешто слично знајте дека нема потреба тоа да се цртежи и цитати, може да биде било што што вас ве исполнува. Запомнете не сте единствени кои поминуваат и ќе поминат низ ова! Со помош на дизајнирањето ги вадам сите негативни емоции од себе.” Михаела (15) 
  5. Останете во контакт со блиските. Проверете каква е ситуацијата кај вашите пријатели, што прават тие во нивното слободно време.  
  6. Потсетете се дека не сте сами во ова: Потсетувањето на причините може многу да ви ја олесни ситуацијата.  

Во ред е да не бидеме во ред! 

Поттикнувањата да бидеме проактивни и да останеме позитивни доаѓаат речиси од сите можни страни. Бидете продуктивни! Научете нешто ново! Стекнете се со нови вештини! Ова се само дел од пораките што ги слушаме на секаде.  

Реалноста е дека многу од нас не можат да најдат мотивација. И тоа е сосема ОК. Дополнително на предизвиците со кои се соочуваме секој ден, ситуацијата со КОВИД-19 прави да ни е потешко да се справуваме со нашите емоции. Сосема е ОК ако не сме расположени да работиме на нашиот личен развој. Дајте си оддишка и не бидете строги кон себе.  

Сите луѓе во светот знаат дека е тешко и дека ако веќе имате чувства на осаменост, анксиозност, депресија или тага не е воопшто лесно да ги занемарите овие чувства.  

Запомнете дека сето ова ќе помине и дека е соосема во ред да се чувствува осаменост. Исто така запомнете дека не сте сами и дека има луѓе кои можат да ви помогнат да ги надминете овие чувства. 

 

Мора да знаеме дека вирусот не е посилен од мерките што ги преземаме 

Сите сме во ова заедно. Ајде да работиме заедно за да го надминеме! 

 

 

 Dario, 20

 Дарио, 20

Mihaela, 15

Михаела, 15

Emir

Емир, 16

Erblin, 16

Ерблин, 16

Eva P., 15

Ева П., 15


Блоговите напишани од младите репортери на УНИЦЕФ се дел од волонтерската иницијатива која има за цел да им даде на младите луѓе простор да ги споделат своите видувања на теми значајни за нив. Работата на Младите репортери за време на пандемијата КОВИД-19 делумно е финансирана од УСАИД.