Лекцијата што ќе ја научиме од оваа пандемија
Младите репортери на УНИЦЕФ ја споделуваат лекцијата која тие ја научија за време на КОВИД-19 пандемијата. Нивните рефлексии нѐ потсетуваат дека сите сме заедно во ова и нивниот оптимизам ни дава надеж дека по ова ќе бидеме посилни и поиздржливи. , Без дожд нема виножито , Ева Хаџипетрова (15), млад репортер на УНИЦЕФ Многу размислував, што е тоа што ќе произлезе од сето ова? Еднаквост! Оваа ситуација ни покажа дека сите сме исти без разлика на нашата вера, култура, обичаи, без разлика дали сме сиромашни или богати. Вирусот едноставно не бира. Тој на некој начин нѐ поврза, ни покажа дека сите треба да се држиме…, Во секое лошо има добро , Мариа Митриќеска (15), млад репортер на УНИЦЕФ A girl reading a book and drinking tea Maria Mitrikeska „Во секое лошо има добро” е стара изрека која јас сега ќе ја употребам како мала утеха во ова тешко, неочекувано време. Како млада тинејџерка, верувајте тешко ми е да се справам со оваа ситуација, како и сите кои го читате ова и се чувствувате…, Пандемија која ме научи да сакам , Бранислав Максимовски (15), млад репортер на УНИЦЕФ Потребно е само малку трпение и поддршка за да ја надминеме кризава, но заедно ќе успееме. Потребно е само да ги почитуваме препораките и мерките кои ни се изречени од државата, за да се заштитиме самите себеси, луѓето кои ни се најблиски и останатите кои живеат во ова општество. Знаеме сите…, Животот е лекција која секојдневно ја учиме и секојдневно ќе ја учиме. , Андријана Камчева (25) млад репортер на УНИЦЕФ Луѓето се комплексни, тие го поминуваат целиот живот учејќи. Меѓутоа зошто чекаме да се случи нешто лошо за да знаеме да го цениме доброто? Зошто не можеме да ги цениме малите работи кои нè прават среќни? Досега не сум имала прилика да размислувам за многу работи што ми се случувале. Многу работи не…