Студенти изработија иновативна замка за заловување и заштита на рисовите

15 Март 2024
Students developed an innovative trap to track and protect lynx in North Macedonia
Leaders for Education, Activism and Development - LEAD

Скопје, 12 март 2024: Група студенти од природни и технички науки во координација со Македонското еколошко друштво во изминатата недела поставија три прототип замки за заловување  рисови во Националниот парк – Маврово.

Дизајнот на замката беше избран за победничко решение на Иновацискиот камп што се одржа со поддршка од УНИЦЕФ на кој студентите се посветија на изнаоѓање иновативен начин да се заловат рисовите кои се загрозен вид на раб на изумирање за понатаму да се следат, истражуваат и заштитат од истребување.

Прототип замката помага безбедно да се залови рисот и да му се стави ГПС околувратник за екологистите да го проучуваат и следат нивното движење.

“Кога младите работат на креативни и иновативни решенија поврзани со природната околина, тие градат зелени вештини и свест за поврзаноста на сите. Луѓето, животните и растенијата се дел од еко системот, а токму тој е под закана од климатските промени и од штетните активности на човекот,“ рече Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ. “Верувам дека оваа иницијатива ќе овозможи младите да станат активни двигатели на промена што ќе внесат иновација, креативност, соработка и истражувачка дејност во својата професионална работа.”

„Студентите покажаа креативност и разбирање за предизвикот и со своето знаење и посветеност во изминатите неколку месеци изразија желба за придонес кон зачувување на животната средина вели Иван Јованов, извршен директор на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој.

Целта на Иновациските кампови е младите да се поттикнат да развиваат иновативни идеи за климатска акција и заштита на околината; да се зајакне нивната соработка со приватниот сектор за да се обезбеди одржливост на иновативните идеи и да се оснажнат активно да учествуваат и самостојно да се залагаат за спроведување на своите иницијативи.

Иновацискиот камп беше организиран во рамките на проектот „Иновациски кампови во соработка со Мрежата за искуствено учење“ кој се реализира од страна на Здружението Лидери за едукација (ЛЕАД), активизам и развој во партнерство со УНИЦЕФ и со финансиска поддршка од Шведска.

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска
Тел: (02) 3231-244
Е- пошта: spappas@unicef.org
Ирина Ивановска
Тел: (02) 3231-172
Е- пошта: iivanovska@unicef.org

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најранливите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Следете го УНИЦЕФ на TwitterFacebookInstagram и YouTube.