Истражување за знаењата, ставовите и практиките во врска со климатските промени и животната средина

Студијата го мери знаењето, ставовите и практиките на наставниците и воспитувачите во врска со климатските промени и како истите влијаат врз општеството

Adolescent girl sitting in front of tree, looking at the camera and smiling
UNICEF/2018/Dimishkovski

Главни црти

Ова истражување за знаењето, ставовите и практиките (КАП Истражување, KAP Survey) со главен фокус на наставници и воспитувачи, вработени во државните образовни институции, го мери генералното знаење на оваа група испитаници поврзано со климатските промени, вклучително и разбирањето и асоцијациите на самиот поим, влијанието на климатските промени врз општеството, луѓето и децата. Исто така, истражувањето ги мери ставовите кон климатските промени, особено нивото на загриженост за проблемот, ја мери перцепцијата на испитаниците за важноста на определени активности кои може да бидат клучни во борбата за намалување на климатските промени како и нивната подготвеност да преземат акција и да бидат дел од решението на проблемот. Истражувањето ќе се обиде да даде податоци за тоа кои практики и активности се најчести кај испитаниците, но и да ги идентификува основните општествени ставови и верувања што ги спречуваат наставниците ефикасно да ги спроведуваат климатските промени и еколошкото образование. На крај, истражувањето ги мери навиките и средствата за информирање на испитаниците како едни од клучните фактори за создавање и обликување на јавното мислење на различни теми.

Cover image - KAP study, climate and environment
Автор
UNICEF
Датум на публикација
Јазици
Англиски, Македонски, Албански