Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) 2018 - 2019
МИКС обезбедува најнови информации за состојбата на децата и жените и мери клучни индикатори што им овозможуваат на земјите да го следат напредокот кон развојните цели.

Главни црти
Мултииндикаторското кластерско истражување во Северна Македонија (МИКС) и МИКС за ромските населби беа спроведени во 2018-2019 година од страна на Државниот завод за статистика, како дел од глобалната програма МИКС.
Општата цел на спроведувањето на МИКС е да се генерираат детални, споредливи податоци во поголем број теми што се релевантни за децата, нивните права и нивната благосостојба. Со оглед на сеопфатноста на податоците како и ригорозната методологија, МИКС истражувањето е одлично позиционирано да се третира прашањето на недостаток од податоци, да влијае врз развивањето политики и програми што им користат на децата, да се мобилизираат донесувачите на одлуки и да се поттикнат дебати на национално и локално ниво. Покрај тоа, истражувањето мери клучни индикатори што им дозволуваат на земјите да генерираат податоци за употреба во националните развојни планови и да го следат напредокот кон Целите за одржлив развој и кон други меѓународни договори кон кои земјите се обврзале.
Стручна поддршка обезбеди Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), со финансиска поддршка на УНИЦЕФ, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и британската амбасада. Извештајот содржи детални информации за методологијата на истражувањето како и сите стандардни МИКС табели. За повеќе информации во врска со глобалната МИКС програмата, посетете го mics.unicef.org.
