Анализа на состојбата со правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија

Целта на анализата е да се идентификуваат основните предуслови за инклузија на попреченоста во главните текови на општеството и да се идентификуваат главните предизвици во остварувањето на фундаменталните човекови права на лицата со попреченост

Two girls with Down Syndrome hugging and smiling
UNICEF/North Macedonia/Georgiev/2018

Главни црти

И покрај ратификацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост (КПЛП) од страна на многу земји, многу од нив, за жал, сè уште се борат да ја преведат КПЛП во конкретни политики, системи, програми, дејствија и услуги што би овозможиле самостоен и достоинствен живот на лицата со попреченост.

Со цел да се олесни соработката помеѓу членките на Обединетите нации (ОН) основано е Партнерството на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост, партнерски фонд (УНПРПД, МПТФ). Ова партнерство претставува соработка помеѓу агенциите на ОН, владите, организациите на лицата со попреченост (ОЛП) и граѓанското општество (ГО) со цел да се промовираат правата на лицата со попреченост во согласност со КПЛП и целите за одржлив развој со инклузија на попреченост (ЦОРи). Со цел да се обезбеди конзистентност меѓу засегнатите страни во земјата и тимовите на земјата на ОН, а согласно Стратешката оперативна рамка 2020 – 2025 (СОР) на УНПРПД и КПЛП, се планира да се изврши анализа на состојбата во секоја земја и да се развијат заеднички предлози за програми за понатамошни активности.

Целта на анализата е да се идентификуваат основните предуслови за инклузија на попреченоста во главните текови на општеството и да се идентификуваат главните тесни грла и предизвици во остварувањето на фундаменталните човекови права на лицата со попреченост. Истовремено, Анализата го посочува и главните приоритети и активности што треба да се поддржат и иницираат во земјата во наредниот период во врска со исполнувањето на правата за индивидуален и независен живот на лицата со попреченост согласно КПЛП.

SitAn cover image
Автор
UNICEF
Датум на публикација
Јазици
Англиски, Македонски, Албански