Џиновско сино срце составено од училишни ранци за благодарност кон наставниците

Со инсталацијата на ранци, на градскиот плоштад во Скопје, на Светскиот ден на наставниците, започна кампањата „Наставниците се важни - Учиме од вас. Ви благодариме!“

05 Октомври 2020
Backpacks
UNICEFMK

СКОПЈЕ, 5 октомври 2020 г. На Светскиот ден на наставниците, Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ, на градскиот плоштад во Скопје, отворија инсталација со училишни ранци за да им оддадат признание и да им покажат благодарност на наставниците за клучната улога што ја имаат во обезбедување квалитетно образование и поддршка на децата при исполнување на нивниот потенцијал.

Инсталацијата е поставена неколку дена по почетокот на учебната 2020/2021 година. Преку неа се оддава признание за придонесот што наставниците го даваат за  учењето од далечина и за повторното отворање на училиштата, но нејзината главна цел е и да се уважи пресудната улога на наставниците во општеството. Тие градат издржливост, ја обликуваат иднината на образованието и ги подобруваат образовните резултати на учениците.

„Министерството за образование и наука, и сите одговорни во Владата, се во секојдневен контакт сме со  наставници, директори, ученици, родители, со цел, заедно да ја направиме новата образовна интернет платформа попријателска. Да ги вклучи сите деца со еднаков пристап. Она што ни дава надеж е неверојатната посветеност на наставниците, нивните заложби, ентузијазам, чувство на општествена одговорност и покажаниот интерес за учество обуките, со желба да им обезбедат на своите ученици образование какво што заслужуваат. Да направат сѐ што треба за да им го надоместат на учениците присуството и дружбата во училниците. За таа своја посветеност, тие навистина ја заслужуваат нашата целосна почит“, рече Зоран Заев, претседателот на владата на Република Северна Македонија. рече Зоран Заев, претседател на Владата на Република Северна Македонија.

Пред пандемијата на КОВИД-19, Северна Македонија веќе се соочуваше со образовна криза, при што според последните резултати од ПИСА, над половина од сите петнаесетгодишници во земјата не ги исполнуваат базичните стандарди за читање и математика. Доказите во светот покажуваат дека главниот двигател зад добрите образовни резултати на учениците се квалитетните и компетентни наставници. Без оглед дали в училница или преку Интернет, партнерите признаваат дека постои клучна потреба од реформи со кои ќе се поддржат и ќе се мотивираат наставниците да ги искористат својот интелект, мудрост, интуиција, страст и креативност.

„Како Влада имаме обврска и долг да создаваме услови за подобро образование. Но, само со вас и вашата грижа за децата ние ќе бидеме чекор поблиску до остварување на оваа цел.  Вие, деновиве  потврдивте дека сме на тој пат. Светот денес го одбележува 5 октомври под едно мото: Наставници - водачи во кризата и ресоздавачи на иднината. Јас навистина верувам во вашата моќ и сигурна сум дека тоа ќе биде нашата стварност. Вие сте наша национална  сила и гордост!“, рече Мила Царовска, министерка за образование и наука.

Партнерите препознаваат дека улогата на наставниците е поважна од кога било досега и дека без континуирано вложување во наставниците и во квалитетно образование, пандемијата на КОВИД-19 може уште повеќе да ја продлабочи актуелната образовна криза, оставајќи последици врз генерации ученици кои претставуваат генерација на граѓани, идни родители и идна работна сила. 

„Кога зборуваме за квалитетно образование, честопати се фаќаме за работи што се опипливи - дигитални алатки, големина на училници, фонд на часови, физички простор, наставна програма. Сите овие се важни, но она што има најголемо значење за способноста на детето да напредува во образованието и во животот се мотивираните наставници – како тие размислуваат, како расудуваат, страста што ја имаат за наставата и очекувањата што ги имаат од учениците – честопати повисоки од очекувањата што учениците ги имаат за себе. Сите може лесно да се поврземе со ова, затоа што сите се сеќаваме на некој омилен наставник кој нѐ научил на нешто повеќе од предметот што го предавал “, рече Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ. „Училишните ранци на УНИЦЕФ употребени во инсталацијата се симбол на надеж и перспектива во детството. Денес ги користиме за да им покажеме благодарност на наставниците за важната улога што ја имаат при поддржување на децата во исполнување на нивниот потенцијал. Онлајн или во училница, тие се предводници во оваа криза и се пресудни за преобликување на иднината на образованието“.

„Ја работам оваа професија 10 години и бескрајно си ја сакам, максимално се вложувам со секој атом од моето тело и душа за го дадам максимумот во процесот на поучување на моите ученици. И знам дека не сум сама во оваа работа, знам дека има уште многу наставници како мене“, рече Александра Блажевска, наставничка во училиштето “Јан  Амос Коменски.  “ рече наставничката од ОУ “Јан Амос Коменски“, Александра Блажевска.

Инсталацијата „училишен ранец“ ќе биде поставена на градскиот плоштад во Скопје три дена, овозможувајќи им на посетителите да се вклучат со свои пораки за наставниците. Иницијативата е дел од кампањата „Учиме од вас. Ви благодариме!“ којашто Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ ќе ја спроведуваат во текот на учебната 2020/2021 година. Целта на кампањата е да се подигне свеста за важната улога на наставниците во обезбедување квалитетно образование и подобрување на образовниот успех на учениците; да се уважат наставниците што ги мотивираат учениците и да се изгради поддршка за реформите осмислени во прилог на професионалниот развој, компетентноста и мотивацијата на наставниците како и да се уважи позитивно влијание што го имаат наставниците врз оние што се деца денес и врз нас возрасните кога сме биле деца.

######

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска
Тел: (02) 3231-244
Е- пошта: spappas@unicef.org
Ирина Ивановска
Тел: (02) 3231-172
Е- пошта: iivanovska@unicef.org

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Следете го УНИЦЕФ на TwitterFacebook, Instagram и YouTube.