УНИЦЕФ и СЗО предупредуваат на влошена состојба и услови за појава на морбили кај децата

Бројот на пријавени случаи на заразени со морбили ширум светот е зголемен за 79 проценти во првите два месеци од 2022 година во споредба со истиот период во 2021 година. СЗО и УНИЦЕФ предупредуваат дека се созреани условите за сериозна епидемија на болест

28 Април 2022
Health worker preparing vaccine for administration
UNICEF/North Macedonia/Georgiev/2022

ЊУЈОРК/ ЖЕНЕВА, 27 април 2022 – Зголемениот број случаи на морбили што се појавија во јануари и февруари 2022 година е предупредувачки знак за зголемен ризик од ширење на болести што може да се спречат со вакцини и може да доведат до голема епидемија, особено епидемија со морбили што може да зафати милиони деца во 2022 година, предупредуваат СЗО и УНИЦЕФ.

Нарушувањата предизвикани од пандемијата со што се зголеми нееднаквоста во пристапот до вакцини и пренасочувањето на ресурсите од рутинската имунизација, оставија многу голем број на деца без заштита од морбили и други болести што може да се спречат со вакцини.

Ризикот од голема епидемија се зголеми бидејќи државите  ги ублажија мерките за одржување  физичка дистанца и другите превентивни мерки за заштита од КОВИД-19 кои се применуваа  во екот на пандемијата. Покрај тоа, раселувањето на милиони луѓе  поради судирите  и кризите во Украина, Етиопија, Сомалија и Авганистан, нарушената рутинска имунизација и услуги за вакцинација против КОВИД-19, недостигот од чиста вода и санитација и пренаселеноста го зголемуваат ризикот од појава на болести што може да се спречат со вакцина.

Речиси 17,338 случаи на морбили се пријавени во  јануари и февруари 2022 година ширум светот, споредено со  9,665 случаи во текот на првите два месеци од 2021година. Бидејќи морбилите се многу заразни, во услови на намалено ниво на вакцинација брзо се зголемува бројот на новозаразени случаи. Двете агенции на ОН стравуваат дека појавата на морбили е предзнак за избувнување на други болести што се шират побавно.

Покрај директните физички последици кои може да бидат смртоносни,  вирусот со морбили го ослабнува  и имунолошкиот систем на детето и тоа  станува поранливо на други заразни болести како што се пневмонија и дијареја,  дури и неколку месеци по инфекцијата со морбили.  Повеќето случаи се појавуваат на места каде што постојат социјални и економски тешкотии настанати како последица на епидемијата со КОВИД-19, судири или други кризи и хронично слаба инфраструктура на здравствениот систем и несигурност.

„Морбилите не се  само опасна и потенцијално смртоносна болест, туку сериозен знак  дека постои јаз во глобалниот опфат со имунизација од кој први страдаат  ранливите деца,”рече Кетрин Расел,  извршен директор на УНИЦЕФ. „Охрабрува тоа што луѓето во многу заедници почнуваат да чувствуваат дека се доволно заштитени од КОВИД-19 и се подготвени  да продолжат  со поголемиот дел општествени  активности. Но кога тоа се прави на места каде децата не добиваат рутинска вакцинација, се создаваат совршени услови за ширење на болести како што се морбилите.”  

Во 2020 година, 23 милиони деца низ целиот свет не ги примиле основните вакцини преку рутинска вакцинација што претставува највисока бројка од 2009 година и опфаќа  3.7 милиони деца повеќе од 2019 година.

5 земји со најголем број пријавени случаи на морбили во последните 12 месеци, до април 2022 [1]

Земја

Пријавени случаи на морбили

Стапка на милиони случаи

Опфат со прва доза за морбили (%), 2019[2]

Опфат со прва доза за морбили (%), 2020[3]

Сомалија

9,068

554

46

46

Јемен

3,629

119

67

68

Авганистан

3,628

91

64

66

Нигерија

12341

58

54

54

Етиопија

3039

26

60

58

Заклучно со април 2022 година, агенциите соопштија за 21 голема епидемија со морбили ширум светот во последните 12 месеци.  Најголем број  случаи со морбили се пријавени во Африка и во регионот на Источен Медитеран. Бројките се веројатно повисоки бидејќи системите за  надзор беа нарушени на глобално ниво, со потенцијално недоволно пријавување на случаите.

Меѓу земјите со најголема епидемија на морбили од минатата година се Сомалија, Јемен, Нигерија, Авганистан и Етиопија. Недоволниот опфат со вакцини за морбили е главната причина за нивната појава, без разлика каде тоа се случува.

„Пандемијата со КОВИД-19 доведе до нарушување на услугите за имунизација, здравствените системи беа преоптоварени, и сега сме соочени со повторна појава на смртоносни болести меѓу кои и морбили. За многу други болести, влијанието на нарушувањата на услугите за имунизација ќе се чувствуваат со  децении,” рече Др. Тедрос Адханом Гхебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација. „Сега е време да ја вратиме основната имунизација и да започнеме кампањи за опфат на децата кои пропуштиле вакцинација за сите да добијат  пристап до вакцини што спасуваат животи.”

Заклучно со април 2022 година, 57 кампањи за вакцини што може да спречат болест во 43 земји коишто беа планирани да се спроведат пред почетокот на пандемијата сѐ уште се одложени, што влијае на 203 милиони луѓе, од кои повеќето се деца. 19 од тие кампањи се однесуваат на морбили, поради што 73 милиони деца се во ризик да добијат морбили поради пропуштена вакцинација. Во Украина,  кампањата за вакцинација против морбили во 2019 година беше во застој поради пандемијата со КОВИД-19  и продолжи поради војната. Кампањите за рутинска и навремена имунизација се неопходни секаде каде што пристапот е возможен за да се постигне сигурност дека нема да се повторат епидемиите како во  2017-2019, кога имаше над 115,000 случаи на морбили и 41 смртен случај во Украина – тоа беше највисоката инциденца во Европа.

Опфатот од 95 проценти и повисоко со две дози  безбедна и ефективна вакцина против морбили може да ги заштити децата од морбили. Меѓутоа, нарушувањата предизвикани од пандемијата со КОВИД-19  го оддолжија давањето  втора доза од вакцината против морбили во многу земји.

Додека земјите работат на справување со појавата на морбили и на други болести што може да се спречат со вакцинација со цел да го надоместат пропуштеното, УНИЦЕФ и СЗО, заедно со партнерите како што е Gavi, Алијансата за вакцини, партнерите од Иницијативата за морбили и рубеола (M&RI), Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс и останатите ги поддржуваат заложбите за јакнење на системите за имунизација преку:

  • Повторно воспоставување на услугите и кампањите за вакцинација со цел земјите да можат безбедно да ги спроведуваат програмите за рутинска имунизација за да се премости јазот предизвикан од застојот;
  • Помош за здравствените работници и лидерите на заедниците ефикаснод а комуницираат со родителите и старателите за да се објасни важноста од вакцинацијата;
  • Надминување на јазот во опфатот со имунизација, вклучително и утврдување кои заедници и луѓе не биле опфатени со имунизација за време на пандемијата;
  • Испораката на вакцина против КОВИД-19 да биде независно финансирана и интегрирана во целосното планирање на услугите за имунизација, со цел да не се спроведува за сметка на вакцините за деца и другите услуги за вакцинација;
  • Спроведување национални планови за спречување на појава на болести  кои може да се спречат со вакцина и јакнење на системите за имунизација како дел од заложбите за закрепнување од КОВИД-19.

 

######

 

Преземете фотографии и други видео материјали на УНИЦЕФ тука. Премете фотографии на СЗО

За повеќе информации за 24-30 април  СЗО Кампања за светската недела на имунизација и сите ресурси.

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ работи во некои од најтешките делови од светот, за да ги опфати најобесправените деца. Во 190 земји и територии, работиме за секое дете, насекаде, за да изградиме подобар свет за сите. За повеќе информации за УНИЦЕФ и работата за децата, посетете www.unicef.org.

Следете го УНИЦЕФ на Twitter и Facebook

За СЗО

Светската здравствена организација е глобален лидер во јавното здравство во системот на Обединетите нации. Основана во 1948, СЗО работи во 194 земји членки во шест региони,  за да се унапреди здравјето, да се обезбеди безбеден свет и да се даваат услуги за ранливите. Нашата цел за 2019-2023 е да се обезбеди дека уште една милијарда луѓе имаат универзално здравствено покритие, за да се заштитат милијарда луѓе од здравствени вонредни состојби, и на уште милијарда луѓе да им се обезбеди подобро здравје и добросостојба. 

Посетете www.who.int и следете ја СЗО на Twitter, Facebook, Instagram, LinkedIn, TikTok, Pinterest, Snapchat, YouTube, Twitch 

За повеќе информации, контактирајте со:

Сабрина Сидху, УНИЦЕФ Њујорк, +1 917 4761537, ssidhu@unicef.org   

СЗО прашања од медиумите, +41 22 791 2222, mediainquiries@who.int 

 


[1] Извор:  Провизорни податоци врз основа на месечни податоци пријавени во СЗО заклучно со април 2022

[2] Извор: Проценки на СЗО/УНИЦЕФ за опфат со имунизација на национално ниво, ревидирано во 2020.

[3] Извор: Проценки на СЗО/УНИЦЕФ за опфат со имунизација на национално ниво, ревидирано во 2020.

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска
Тел: (02) 3231-244
Е- пошта: spappas@unicef.org
Ирина Ивановска
Тел: (02) 3231-172
Е- пошта: iivanovska@unicef.org

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Следете го УНИЦЕФ на TwitterFacebookInstagram и YouTube.