УСАИД и УНИЦЕФ ја прошируваат поддршката за ранливите семејства во време на пандемијата на КОВИД-19

13 Април 2020
People and packages from UNICEF and the Red Cross
UNICEF/UNI313748/Georgiev

СКОПЈЕ, 13 април 2020 година: Денес, премиерот г. Оливер Спасовски, амбасадорката на САД во Северна Македонија, г-а Кејт Мари Брнз и претставничката на УНИЦЕФ, г-а Патриција Ди Џовани, го посетија магацинот за дистрибуција на Црвениот крст за да им изразат благодарност на сите професионалци кои неуморно работат на запирање на ширењето на болеста предизвикана од новиот корона вирус (КОВИД-19).

Соединетите американски држави одвоија 1,1 милион американски долари во напорите за борба против КОВИД-19 во Северна Македонија преку грант од УСАИД. Од вкупната сума, 500.000 долари се наменети за поддршка на напорите на Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) кој ќе помогне во запирање на натамошното пренесување на КОВИД-19 во земјата и во намалување на ефектите од пандемијата врз семејствата и децата, со фокус врз најранливите граѓани. Средствата ќе се искористат за:

  1. Јакнење на комуникацијата со граѓаните и вклучувањето на заедниците од најголем ризик, преку пораки според возраста и полот за да се спречи ширењето на КОВИД-19, психо-социјална поддршка и упатства за родителите и старателите;
  2. Обезбедување неопходни хигиенски и други материјали потребни за заштита од  КОВИД-19, вклучувајќи сапун, детергенти и прибор за хигиена за центрите на изолација и домаќинствата од најголем ризик, како и за населението што е најранливо на ширење на инфекцијата, каде спаѓаат малцинските заедници како Ромите и децата згрижени од државата; и
  3. Поддршка за собирање и анализа на податоци за подобро справување со вонредната состојба предизвикана од КОВИД-19.

 

„Сакам да ја изразам мојата, и благодарноста на Владата, во име на народот на Северна Македонија, до УСАИД и УНИЦЕФ за нивната помош во напорите на државата да одговори на КОВИД-19.  За семејствата кои живеат во супстандардни услови подготвени се пакети со хигиенски и заштитни средства и тие ќе се дистрибуираат во соработка со тимовите на Црвен крст, рече премиерот на Република Северна Македонија, г. Оливер Спасовски.  “Се грижиме за оние кои се најранливи, полесно да ги пребродат предизвиците. Но најважно од се е, во овие исклучително сложени околности, сите да ги почитуваме препораките да останеме дома и на минимум да ги сведеме социјалните контакти. Ако сакаме да излеземе како победници од оваа битка, многу е важно да ги прифатиме и спроведуваме мерките за претпазливост како што е држење физичко растојание, да ги сведеме контактите на најнеопходните, за да го спречиме пренесувањето на вирусот.“

 

„Во име на Соединетите држави, сакам да оддадам признание на тимот УНИЦЕФ што ги зајакнува напорите на партнерите во нашата земјата  за запирање на ширењето на овој вирус и  грижата за најпогодените, кои се погодени не само физички, туку и социјално и емоционално”, рече амбасадорката Брнз за време на посетата. “Чест ми е да се приклучам кон УНИЦЕФ и Владата во оддавањето признание за работата на Црвениот крст и неговите волонтери кои несебично се даваат себеси за да помогнат соодветно да одговорот на кризата од КОВИД-19.   Исто така, сакам да им се заблагодарам на Владата на Северна Македонија и на Министерството за труд и социјална политика кои ги предводат напорите за работа со најзагрозените граѓани и ранливите заедници во време на оваа криза”, истакна амбасадорката Брнз.

 

„Додека земјата спроведува критични јавно-здравствени мерки за да го забави ширењето на вирусот, не смееме да заборавиме да им посветиме посебно внимание на децата и семејствата кои веќе се соочени со секојдневни предизвици поради сиромаштија, исклученост и негативни искуства. Пандемијата претставува екстремен предизвик, кој уште повеќе ги зголемува секојдневните проблеми. Горди сме што соработуваме со многу партнери кои неуморно работат за да им го олеснат животот на сите и за да ја пребродиме оваа криза заедно, особено насочувајќи се кон најранливите во нашата заедница“, истакна Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ.

 

Со поддршка од УСАИД и УНИЦЕФ, 1000 пакети хигиенски производи ќе бидат дистрибуирани за семејствата од Шуто Оризари, 500 пакети за семејствата од населбата Тризла, Прилеп, 500 пакети за семејствата од Бајро, Битола, 250 пакети за семејствата од населбата Керамидница, Гостивар и 100 пакети за семејствата од населбата Црник, Делчево.

 


БЕЛЕШКИ ЗА УРЕДНИЦИТЕ

За УСАИД: Во изминатите 20 години, САД имаат инвестирано над 11,5 милиони американски долари само за здравството и повеќе од 738 милиони американски долари во вкупна помош за Северна Македонија, создавајќи значителни позитивни промени за граѓаните во низа области, вклучувајќи ги безбедноста, земјоделството, граѓанското општество, економскиот развој, креирањето работни места, женското претприемништво и подоброто образование. УСАИД е водечка меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до резултати во развојот. Работата на УСАИД ја унапредува националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја покажува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации посетете ја нашата веб-страница https://www.usaid.gov/north-macedonia и следете нѐ на Твитер и Фејсбук.

За УНИЦЕФ: УНИЦЕФ ги унапредува правата и благосостојбата на секое дете, во сè што правиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја преточиме оваа заложба во практична акција, концентрирајќи посебни напори врз досегање до најранливите и најисклучените деца, за доброто на сите деца, насекаде.

За повеќе информации околу УНИЦЕФ и неговата работа за децата, посетете ја страницата www.unicef.mk.

Следете го УНИЦЕФ во Северна Македонија на ТвитерФејсбукИнстаграм и Јутјуб.

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска
Тел: (02) 3231-244
Е- пошта: spappas@unicef.org
Ирина Ивановска
Тел: (02) 3231-172
Е- пошта: iivanovska@unicef.org

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Следете го УНИЦЕФ на TwitterFacebook, Instagram и YouTube.