УНИЦЕФ со поддршка за ЕКО програмата на CINEDAYS за подигање на свеста за влијанието на климатските промени врз децата

16 Јули 2021
CInedays 2021 UNICEFMK
European Film Festival Cinedays 2021

Скопје, 16 јули 2021: За првпат во дваесетгодишната традиција на филмскиот фестивал CINEDAYS УНИЦЕФ и партнерите заедно со Младинскиот културен центар подготвија ЕКО програма со поддршка на активности за важноста од заштита на животната средина и одговор на климатските промени. Во рамките на оваа соработка од денес на CINEDAYS започнува прикажувањето филмови на теми поврзани со екологија, проследени со дискусии.

“Сведоци сме на моќта на младите активисти кои бараат да се преземе поголема акција за да се намали уништувањето на животната средина. Дел од филмовите зборува токму за вакви млади активисти и веруваме дека ќе послужат како инспирација младите од земјава да предводат слични национални иницијативи,“ рече Артур Ајвазов, заменик претставник на УНИЦЕФ. “Климатските промени и деградацијата на животната околина најмногу ги погаѓаат децата и младите, но во исто време, токму тие го имаат потенцијалот да станат активни двигатели против штетните ефекти на климатските промени.“

Покрај филмовите на теми поврзани со екологијата, ќе се прикажат и 72 часа ЕКО филм: кратки видеа изработени од млади на возраст од 16 до 20 години на теми поврзани со вода, воздух, отпад, храна, климатски промени и ќе се претстават резултатите од работилницата за изработка на еко ‘chill’ зона инспирирана од филмски сет и направена од млади со користење реупотребени и рециклирани материјали. (Reuse & Repair Chill Corner).

Активностите се дел од поширока иницијатива во рамките на Програмата за унапредување на образование за климатски промени и животна средина (www.climateedu.mk) што ја спроведува УНИЦЕФ со партнерите и со поддршка од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска
Тел: (02) 3231-244
Е- пошта: spappas@unicef.org
Ирина Ивановска
Тел: (02) 3231-172
Е- пошта: iivanovska@unicef.org

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Следете го УНИЦЕФ на TwitterFacebookInstagram и YouTube.