Тамара Тодевска заедно со УНИЦЕФ го прослави успехот на тинејџерите кои добија глобално признание за иновација против насилството

26 Април 2019
Andrometa - one of the five winning teams of the global Generation Unlimited challenge posing with their certificates along with UNICEF Representative Benjamin Perks, singer Tamara Todevska and one of their mentors
UNICEF/2019/Georgiev

СКОПЈЕ, 26 април 2019 – Децата и и менторите кои учествуваа на натпреварот за националниот младински предизвик, заедно со УНИЦЕФ и Тамара Тодевска, претставничката на Евровизија 2019, вчера го прославија успехот на тинејџерите од Северна Македонија кои добија глобално признание за нивната иновација против насилството. Претставници од приватниот сектор кои се потенцијални спонзори на следните иновативни младински иницијативи и претставници од дипломатскиот кор се придружија кон церемонијата на доделување сертификати на учесниците.

Победничкиот тим – “АндроМета“ – ќе добие експертско менторство и почетна финансиска поддршка од 20,000 американски долари за да го финансираат проширувањето на својата иницијатива – мобилната апликација “Speak Out”  која е дизајнирана за да гради заедница за поддршка на жртвите од врсничко насилство. Прочитајте повеќе овде.

“Се зборува за “АндроМета“. Другите деца и тинејџери се распрашуваат како може и тие да учествуваат на следниот младински предизвик. Всушност најдобриот можен резултат од светскиот успех на овој тим е токму тоа – инспирацијата што ја даваат на други млади луѓе за да се вклучат и преку соработка да решат некои од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација и да создадат подобар свет за себе, “ рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.  

Мојата песна е за секој што верува во себе и ја прифаќа својата посебност. Затоа сум многу горда што денес имам можност да дадам поддршка на “АндроМета“ и на нивната иницијатива против врсничкото насилство. Верувајте во своите способности и прифатете го со радост својот потенцијал! Тогаш ќе може да направите промена, дури и чудо,“ рече Тамара Тодевска.

Младинскиот предизвик е дел од глобалната иницијатива Generation Unlimited која ја промовираа светските лидери вклучувајќи го генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутерес, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и извршниот директор на УНИЦЕФ Хенриета Фор и има за цел сите млади на возраст од 10 до 24 години да добијат образование, обука и работа до 2030 година.

За да дознаете повеќе за Generation Unlimited, посетете ја www.generationunlimited.org

Запознајте го тимот АндроМета и дознајте повеќе за нивната иницијатива  SpeakOut. 

 

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска

Тел: (02) 3231-244

Ирина Ивановска

Тел: (02) 3231-172

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Следете го УНИЦЕФ на TwitterFacebook, Instagram и YouTube.