Примарната здравствена заштита ќе ги проценува негативни искуства од детството

14 Мај 2019
Медицинска сестра повива новородено бебе после бањање
UNICEF/2019

Скопје, 13 мај 2019: УНИЦЕФ започна со пилот иницијатива за проценка на влијанието на негативните искуства од детството врз здравствената состојба во текот на животот преку анкети кои ќе бидат спроведени на ниво на примарна здравствена заштита во десет здравствени ординации во Скопје.

Оваа иницијатива што се спроведува во соработка со Македонско лекарско друштво ќе помогне во утврдување на раширеноста на негативните искуства во детството и ќе обезбеди докази за системски решенија за превенција на насилство врз децата и обезбедување соодветни здравствени и социјални услуги за оние што имаат потреба.

Негативни искуства во детството е поим кој опфаќа трауматски доживувања од детството како што се злоупотреба, запоставување или растење во дисфункционално семејство. Истражувањата во последните години потврдуваат дека траумите од детството и хроничниот стрес влијаат врз ризични избори во животот како што се склоност кон зависности и криминал, здравствени проблеми и нарушена ментална благосостојба.

 “Прашањето за негативни искуства од детството продолжува да биде табу тема, тешко е и емотивно да се зборува за тоа. А сепак, сериозно влијае врз здравјето, продуктивноста, очекуваниот животен век, приврзувањето и родителските стилови на жртвите откако ќе станат возрасни. Важно е да им се помогне на возрасните да се справат со траумата од негативните искуства од нивнотот сопствено детство за да помогнеме да се намали меѓугенерацискиот пренос на насилство, злоупотреба и запоставување,“ рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

Една неодамнешна студија на СЗО во нашата земја, потврдува дека негативните искуства од детството се поврзани со ризично однесување, хронични здравствени проблеми и низок животен потенцијал понатаму во животот. Оваа студија покажува дека емоционалната злоупотреба во детството ја дуплира веројатноста за злоупотреба на дрога и тројно ја зголемува веројатноста за обид за самоубиство. Дисфункциналните домаќинства, како што е злоупотребата на дроги или алкохол од страна на член на семејството во семејството, двојно ја зголеми веројатноста за почеток на пушењето. Студијата утврди дека кога има поголем број на негативни детски искуства се зголемува и здравствениот ризик.

УНИЦЕФ работи со Министерството за здравство за да ги зголеми знаењата и вештините на општите лекари, специјалисти за семејна медицина и патронажни сестри за позитивно родителство, обезбедување поддршка на родителите при воспоставувањето приврзаност со малите деца како и за препознавање ризик од напуштање на детето, запоставување и употреба на насилна дисциплина. Од оваа година, активностите ќе се прошират со рутински скрининг за дека негативни искуства од детството на ниво на примарна здравствена заштита, со цел идентификување на преваленцата и сериозноста на случаите и правилно упатување на случаи на кои им е потребна помош.

Примарната здравствена заштита обезбедува неколку предности за решавање на некои од бариерите во промовирањето на позитивното родителство и скрининг на негативните искуства од детството: воспоставената инфраструктура, не-стигматизирачката локација и честите посети на семејствата со деца во текот на првите 3 години од животот на детето. Овие предности нудат можност да работат на превенција на негативни детски искуства преку подобрени практики за родителство.

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска

Тел: (02) 3231-244

Ирина Ивановска

Тел: (02) 3231-172

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Следете го УНИЦЕФ на TwitterFacebook, Instagram и YouTube.