Огромен интерес за Едуино вебинарот за спроведување на КОВИД-19 плановите и протоколите за отворање на училиштата

21 Септември 2020
Дете држи молив и пишува на хартија
UNICEF/2020/Dragan Mirchevski

Скопје, 21 септември 2020 година: Првиот Едуино вебинар, кој се фокусираше на новиот план и протоколи за повторно отворање на училишта за време на пандемијата COVID-19, постигна гледаност од над 4000 учесници во реално време. Вебинарот е прв во серијата Едуино вебинари водени од професионалци во образованието, наставници и родители на теми за подобрување на квалитетната настава и поддршка за учење.

Вебинарите се интерактивни едночасовни настани каде учесниците учат нови вештини и знаења на различни теми релевантни за образованието во интеракција со реномирани експерти, предавачи и практичари. Овие настани се одржуваат на македонски и албански јазик и учесниците можат да поставуваат прашања и да се консултираат со предавачите за пристапи, методи, алатки и иновации што можат да се воведат во наставата.

За време на првиот вебинар на Едуино посветен на подготовките за повторно отворање на училишта согласно планот и протоколите за настава, училиштата беа во можност да споделат искуства и совети за потребните подготовки. Вебинарот го водеа претставници од основното општинско училиште „Невена Георгиева-Дуња“ - Хари Стојаноски, директор на училиштето и Калина Спироска, училиштен педагог.

Во текот на следните недели ќе бидат организирани повеќе онлајн работилници на теми идентификувани од наставниците, како и теми кои се релевантни за унапредување на наставата и учењето за време на ситуацијата со КОВИД-19 и пошироко. Снимката од оваа и другите онлајн-работилници ќе биде објавена на www.eduino.gov.mk

Вебинарите се организирани од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието со поддршка на УНИЦЕФ. Техничката поддршка беше обезбедена од Смарт ап - Лабораторија за социјални иновации.

За повеќе информации за претстојните вебинари, следете го Едуино - колективниот портал за дигитални содржини на Фејсбук страницата тука, како и групата на Едуино заедницата на Фејсбук.

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска
Тел: (02) 3231-244
Е- пошта: spappas@unicef.org
Ирина Ивановска
Тел: (02) 3231-172
Е- пошта: iivanovska@unicef.org

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Следете го УНИЦЕФ на TwitterFacebook, Instagram и YouTube.