Наставниците треба да се приоритет за вакцинација против КОВИД-19

Изјава на извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор

16 Декември 2020

ЊУЈОРК, 15 декември 2020 г. –  „Пандемијата на Ковид-19 му нанесе огромна штета на детското образование во целиот свет. Вакцинацијата на наставниците е критичен чекор за полесно да се врати во колосек. 

„Во најлошите денови, на крајот на април во 2020 г., со затворањето на сите училишта се наруши процесот на учење на безмалку 90 насто од учениците на светско ниво. Иако таа бројка оттогаш има опаднато, сѐ уште без никаква поткрепа се верува дека со затворање на училиштата може да се забави ширењето на болеста, и покрај сѐ поголемиот број докази дека училиштата не се главниот причинител за пренос во заедницата. Како последица на тоа, како што бројот на случаи драстично се зголемува во многу земји во светот, во заедниците повторно се затвораат училиштата. Од 1 декември, училиштата се затворени за речиси секој петти ученик на глобално ниво –  или за 320 милиони деца.

„ УНИЦЕФ смета дека наставниците треба да се приоритет за вакцината против КОВИД-19, откако ќе се вакцинираат здравствените работници што се најизложени на вирусот и населението што е во висок ризик. На овој начин наставниците полесно ќе се заштитат од вирусот, ќе можат да предаваат во живо, и на крајот на краиштата училиштата ќе останат отворени.

„Иако владите на крајот одлучуваат за распределбата на вакцините, последиците од продолжени периоди пропуштена или нарушена настава се тешки, особено за најмаргинализираните заедници. Што подолго се децата надвор од училиште, помалку е веројатно дека ќе се вратат, а со тоа е и потешко за нивните родители да се вратат на работа.

„Ова се тешки одлуки што подразбираат и големи отстапки. Но, не би требало да е тешко да одлучиме да преземеме сѐ што е во наша моќ за да ја заштитиме иднината на следната генерација. А, првиот чекор во оваа насока би бил да ги заштитиме лицата кои се одговорни да им ја овозможат таквата иднина“.

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска
Тел: (02) 3231-244
Е- пошта: spappas@unicef.org
Ирина Ивановска
Тел: (02) 3231-172
Е- пошта: iivanovska@unicef.org

About UNICEF

UNICEF promotes the rights and wellbeing of every child, in everything we do. Together with our partners, we work in 190 countries and territories to translate that commitment into practical action, focusing special effort on reaching the most vulnerable and excluded children, to the benefit of all children, everywhere.

For more information about UNICEF and its work for children, visit www.unicef.mk.

Follow UNICEF on TwitterFacebook, Instagram and YouTube.