Изјава од извршната директорка на УНИЦЕФ Хенриета Фор за пандемијата на КОВИД-19

19 Март 2020
Henrietta H
UNICEF

ЊУЈОРК, 18 март 2020 година – “Една недела по прогласувањето на пандемија КОВИД-19 бројот на заразени во светот продолжува интензивно да расте. Стотици милиони деца отсуствуваат од училиште. Родители и други лица што се грижат за деца работат далечински колку што им дозволуваат околностите. Границите се затворени. Животите на луѓето се превртени наопаку.

“Сите се наоѓаме на непознат терен. Ние во УНИЦЕФ се бориме против нов вирус, побиваме митови и водиме битка против неточни информации, додека истовремено се грижиме за добросостојбата на нашиот персонал и нашите семејства. 

“Нашата живото-спасувачка работа да им обезбедиме на децата здравје, образование, исхрана и заштита никогаш не била повеќе критично потребна од сега. Во ситуација кога милиони деца се раселени, погодени од војни, умираат од превентабилни причини, отсуствуваат од училиште, или ги пропуштаат најпотребните вакцини, потребата од поддршка никогаш не била поголема.

“УНИЦЕФ работи на спречување на ширењето на вирусот помеѓу населението во погодените земји. Споделуваме точни информации за тоа како да се заштитат семејствата, обезбедуваме комплети за хигиена и лекови на училишта и здравствени установи, и го ублажуваме влијанието на епидемијата врз можностите децата да остварат пристап до здравствени, образовни и социјални услуги.

“Сега, повеќе од било кога, сметаме на нашите донатори да продолжат да ја поддржуваат нашата мисија за помош на оние што немаат ништо и никого – и покрај овие тешки времиња.”

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска
Тел: (02) 3231-244
Е- пошта: spappas@unicef.org
Ирина Ивановска
Тел: (02) 3231-172
Е- пошта: iivanovska@unicef.org

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Следете го УНИЦЕФ на TwitterFacebook, Instagram и YouTube.