Изјава на претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс

25 Јули 2018
Дете лежи на под и гледа во кукла што ја држи во десната рака
UNICEF/2017/Georgiev

СКОПЈЕ, 16 февруари 2018 година: „Денес целата земја жали поради злоупотребата на дете под заштита на државата. Истрагата е во тек и лицата виновни за злоупотреба или небрежност мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Иако злоупотребата се случила надвор од државна институција, случајот покренува сериозни прашања за тоа како општеството ги штити најранливите деца.

 Злоупотребата на децата е глобален проблем. Сторителите на дела поврзани со сексуална злоупотреба на деца се најопасни кога ќе влезат во мрежите на трговија со луѓе. Тие ги демнат децата под заштита на државата и оние од дисфункционални семејства, честопати и децата со ниска самодоверба, слаба приврзаност и ментални здравствени проблеми. Во повеќето земји во регионов, органите на законот сè уште не се целосно екипирани за решавање на проблемите. Фактот дека темата и натаму е табу за јавноста, исто така, претставува пречка за превенција и одговор. Треба многу да се вложува вополициска работа водена  од разузнавачки и форензички докази за да ги разоткриеме таквите мрежи и најцелосно да го примениме законот за сите кој би ги повредиле  децата.

Второ, мора да признаеме дека институционалната грижаа не може да обезбеди соодветна  заштита на децата од повреда. Ниту пак можат да обезбедат здрав развој на децата и нивно закрепнување од траума, злоупотреба или занемарување кои можеби ги доживеале во семејството. Токму затоа Владата, ЕУ, УНИЦЕФ и другите партнери работат заедно на трансформирање на овие институции и згрижување на децата во семејна средина, каде секое дете ќе добие соодветна грижа, љубов и посветеност - нешта што сите ги очекуваме за нашите деца. Овие напори драстично се интензивираат во последниве неколку месеци, а Владата се заложи до 2020 година да стави крај на згрижувањето на децата под 3-годишна возраст во институционална грижа. Тоа значи повеќе згрижувачки семејства, подобри процедури за посвојување, мали групни домови со многу подобар сооднос меѓу бројот на деца и персонал, и што е најважно, работа со родителите за најпрво да се спречи насилство, запоставување и напуштање.

Трето, треба да се осврнеме на прашањата за ефикасност на јавниот сектор. Луѓето кои работат во социјална заштита, образование, здравство и полицијата треба да се  поттикнати и мотивирани да дадат сè од себе за децата. Социјалните работници мора да бидат оснажени да постапуваат како водители на предмети и да посочуваат соодветни даватели на услуги и интервенции во низа социјални, психолошки, здравствени и други домени, а кои ќе бидат насочени кон постигнување  позитивни резултати за ранливите деца. А ако го скршиме  табуто во јавноста, можеме да отвориме искрена дискусија за проблемите со насилството врз децата.

 Ова е долгогодишен проблем. Предизвиците за децата во земјата се големи и ние заостануваме зад соседите од Западен Балкан во многу области. Исто така, имаме висок степен на детска сиромаштија и релативно висока смртност кај новороденчињата, ниски стапки на запишување во предучилишно образование и слаби резултати во средно училиште. Целото наше општество, без разлика дали сме во Струга, Скопје или Штип, треба итно да ги здружи силите за да обезбеди опстанок, заштита и развој на сите наши деца. Можеме да го постигнеме тоа, но ќе го постигнеме само  заеднички.

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска

Тел: (02) 3231-244

Ирина Ивановска

Тел: (02) 3231-172

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.org.

Следете го УНИЦЕФ на Twitter и Facebook.