Зградите и обележјата во Скопје се осветлуваат во сина боја за децата

Владата, Собранието, Министерството за образование и наука, Археолошкиот музеј, Музејот на современа уметност, Рамстор мол, Халк банка, Амбасадата на Италија и други се приклучија кон УНИЦЕФ и Делегацијата на ЕУ да се осветлат во сина боја за децата

19 Ноември 2020
The building of the Ministry of Education and Science in North Macedonia is light up blue
UNICEF/2019/Georgiev

Скопје, 19 ноември, 2020 – Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето, вечерва и утре, зградите и обележјата во Скопје ќе се осветлат во сина боја како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата. Владата, Собранието, УНИЦЕФ, делегацијата на ЕУ, Министерството за образование и наука, Археолошкиот музеј, Музејот на современа уметност, Македонски народен театар, Амбасадата на Италија, Амбасадата на Франција, како и приватните партнери Халк банка и Рамстор мол се приклучија кон иницијативата.

Секоја година на 20 ноември - по повод потпишувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето - светот го слави Денот на детето, а зградите и обележјата во целиот свет се осветлуваат во сино.

Во 2019 значајни обележја во светот се обоија во сино, вклучувајќи ги Европскиот парламент во Брисел, Пантеон во Франција, Акрополис на Атина во Грција, Палатата на мирот во Хаг, Холандија, Раштрапати Бахаван во Индија, Петра во Јордан, мостовите на Босфор во Турција и многу други.

Оваа година, Светскиот ден на детето се одбележува во време на еден од најголемите предизвици во нашата историја. Пандемијата на коронавирусот ги разоткри длабоките нееднаквости во нашите општества ставајќи ги децата под ризик да станат скриени жртви.

Имајќи го ова предвид, УНИЦЕФ ги повикува владите, бизнис заедницата и сите други чинители да го одбележат овој ден како можност да се слушне како децата и младите сакаат да ја преосмислат иднината.

Надоврзувајќи се на успехот што во 2019 година го имаше првиот состанок на високо ниво во државата #KidsTakeover кога младите отворија дискусија со владините министри на теми што се однесуваат на нивниот живот, на 20 ноември оваа година, заедно со Владата и со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, УНИЦЕФ ќе го поддржи вториот #KidsTakeover на кој учесниците ќе се осврнат на најважното прашање што ги засега децата: како ја замислуваат иднината на образованието и како подобро да се надгради образованието по КОВИД-19.

 

 

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска
Тел: (02) 3231-244
Е- пошта: spappas@unicef.org
Ирина Ивановска
Тел: (02) 3231-172
Е- пошта: iivanovska@unicef.org

About UNICEF

UNICEF promotes the rights and wellbeing of every child, in everything we do. Together with our partners, we work in 190 countries and territories to translate that commitment into practical action, focusing special effort on reaching the most vulnerable and excluded children, to the benefit of all children, everywhere.

For more information about UNICEF and its work for children, visit www.unicef.mk.

Follow UNICEF on TwitterFacebook, Instagram and YouTube.