Заедничка изјава на извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор и генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебреизус, по повод 40-годишнината од усвојувањето на Меѓународниот кодекс за маркетинг на замените на мајчино млеко

26 Мај 2021
Mother and a newborn baby
UNICEF/2020

 

ЊУЈОРК/ЖЕНЕВА, 21 мај 2021 година – „Во 1981 година, здравствените претставници од целиот свет се собраа на Светското здравствено собрание за да се осврнат на агресивните маркетинг тактики од страна на индустријата за производство на храна за новороденчиња и мали деца со кои се промовираше вештачкото млеко на штета на доењето и предизвикува драматичен пораст на морбидитетот и морталитетот кај новороденчињата. Резултатот беше Меѓународниот кодекс за маркетинг на замените на мајчино млеко (Кодексот) кој претставува историска рамка за политики изработена да ги запре комерцијалните интереси што ги нарушуваа стапките на доење и ги загрозуваа здравјето и исхраната на најмладите жители на светот.

„Во последните четири децении, се забележува 50% зголемување на ексклузивното доење. Како резултат на тоа, околу 900 милиони деца во светот опстанаа и доживеаја раст и развој благодарение на ексклузивното доење во раното детство.  

„Доењето е пресудно за исхраната, здравјето и благосостојбата на детето во текот на целиот живот. Ги намалува трошоците за семејствата, здравствените установи и државите. Доењето ги штити децата од инфекции и спасува животи.Тоа придонесува за емотивно поврзување меѓу мајките и бебињата, носејќи и други придобивки за душевното здравје.  

„Сепак, агресивниот маркетинг на замени за мајчино млеко продолжува да ги обесхрабрува жените да дојат, ставајќи го во ризик здравјето како на децата, така и на жените.

„40-годишнината од усвојувањето на Меѓународниот кодекс за маркетинг на замените на мајчино млеко е можност да се одбележи значајниот напредок во заштитата и промовирањето на неспоредливите придобивки од доењето, но и потсетник за работата што треба да се заврши.

„Повеќето земји донесоа законодавство за спроведување барем на некои одредби од Кодексот. Но, за жал, само 25 земји спроведоа мерки што се суштински усогласени со Кодексот.

„Кодексот останува релевантен и денес, исто како што беше пред 40 години. Минатата година, некои трговци со бебешка храна ја искористија пандемијата на КОВИД-19 за да ги промовираат своите производи повикувајќи се на неосновани страхувања дека со доењето може да се пренесе КОВИД-19. Упатството на СЗО и УНИЦЕФ е јасно: мајките за кои постои сомневање или се знае дека имаат КОВИД-19 треба да продолжат со доењето.

„На 40-годишнината од Кодексот, УНИЦЕФ и СЗО ги повикуваат владите, здравствените работници и индустријата за бебешка храна целосно да ги имплементираат и да ги почитуваат барањата на Кодексот: 

  • Владите мора да донесат и да спроведуваат законодавство со кое ќе се спречи комерцијалните интереси да ги подриваат доењето, оптималната исхрана на новороденчињата и малите деца, и здравјето на децата и жените, вклучително и за време на бременост и доење.
  • Здравствените работници мора да го штитат, да го унапредуваат и да го поддржуваат доењето; тие не смеат да прифаќаат спонзорство за стипендии, награди, грантови, средби или настани од компании кои пласираат храна за доенчиња и мали деца.
  • Индустријата за храна на новороденчиња и мали деца мора јавно да се заложи за целосно почитување во светот на Меѓународниот кодекс за маркетинг на замените на мајчино млеко и на последователните поврзани резолуции на Светското здравствено собрание.

„Заедно, мора да ја искористиме пригодата на 40-годишнината како можност да го прославиме постигнатиот напредок во промовирањето и поддржувањето на доењето и да побараме доењето смело да се заштити како најдобар почеток во животот за секое дете.“

 

##
 

За повеќе информации, контактирајте со:

Хелен Вајли, УНИЦЕФ Њујорк, Тел.: +1 917 244 2215, hwylie@unicef.org

Пипа Хотон, СЗО Женева, Тел.: +41 794466331, haughtonp@who.int или mediainquiries@who.int

 

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ работи на некои од најтешките места во светот, за да стигне до најзагрозените деца во светот. Низ повеќе од 190 земји и територии, работиме за секое дете, насекаде, за да изградиме подобар свет за сите.

За повеќе информации во врска со УНИЦЕФ и неговата работа за децата, посетете ја www.unicef.org

Следете го УНИЦЕФ на TвитерФејсбукИнстаграм и ЈуТјуб

 

За СЗО

Светската здравствена организација обезбедува глобално лидерство за јавното здравје во рамките на системот на Обединетите нации. Основана во 1948 година, СЗО работи со 194 земји-членки, низ шест региони и од 149 канцеларии, заради унапредување на здравјето, чување на безбедноста во светот и помош на ранливите. Нашата цел за 2019-2023 година е да се погрижиме милијарда и повеќе луѓе да имаат универзална здравствена заштита, да заштитиме милијарда и повеќе луѓе од здравствени ургентности и на уште милијарда луѓе да им обезбедиме подобро здравје и благосостојба. 

За најнови информации околу КОВИД-19 и јавно-здравствени совети како да се заштитите од корона вирусот, посетете ја www.who.int и следете го СЗО на TвитерФејсбукИнстаграмЛинкдИнTикТокПинтерестЈуТјубTвич 

 

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска
Тел: (02) 3231-244
Е- пошта: spappas@unicef.org
Ирина Ивановска
Тел: (02) 3231-172
Е- пошта: iivanovska@unicef.org

Мултимедијални содржини

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Следете го УНИЦЕФ на TwitterFacebookInstagram и YouTube.