Децата го започнаа викендот на Скопскиот маратон со трка за училишта без насилство

26 Јули 2018
Голема група на деца трчаат на детскиот мини маратон што е дел од Скопскиот маратон
UNICEF/2018/Georgiev

СКОПЈЕ, 5 мај 2018 – Во сабота на 5 мај над 500 деца од сите основни учулишта од Скопје го започнаa викендот на Скопскиот маратон со „Детскиот мини маратон“ испраќајќи порака за создавање училишта без насилство.

Ова е втора година откако УНИЦЕФ соработува со Унијата на спортови од Скопје кои се организатори на Виз Ер Скопски маратон со цел да ја вклучи пошироката заедница во иницијативи што се важни за здравјето и благосостојбата на децата.

“Занимавањето со спорт е одличен начин да се канализира енергијата и да се зајакнат некои важни доблести кај децата како што се доследноста, соработката, взаемната почит, здравиот натпреварувачки дух и самодовербата,” рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ. “Драго ни е што оваа година Детскиот мини маратон го свртува вниманието на потребата да се негуваат овие исти доблести во образованието за да се спречи насилството во училиштата.”

Според УНИЦЕФ насилството во училиштата го одразува она што се случува дома и во пошироката заедница. Безбедни училишта не се случуваат туку така; нив ги создаваат и одржуваат луѓе кои се посветени на обезбедување позитивни и полни со взаемна почит односи и околина. Ова бара преземање акција од страна на сите - децата, наставниците, другите вработени во училиштето, родителите и пошироката заедница. 

“Спортот има моќ да ги привлече и да ги мотивира луѓето, да го насочи вниманието на важни работи и да ги вклучи сите,” рече Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон. “Тоа е духот и на Детскиот мини маратон – да им се даде на децата можност да учествуваат и да го привлечат вниманието кон работи што им се важни.” 

Детскиот мини маратон 2018 започне во 10:00 часот во сабота на 5 мај во паркот Авионче во Ново Лисиче во Скопје. Легендарната маратонка од Велика Британија Паула Редклиф го отвори настанот.

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска
Тел: (02) 3231-244
Е- пошта: spappas@unicef.org
Ирина Ивановска
Тел: (02) 3231-172
Е- пошта: iivanovska@unicef.org

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.org.

Следете го УНИЦЕФ на Twitter и Facebook.