Втор предизвик за млади иноватори во рамките на глобалната иницијатива Генерација без граници

Младинскиот предизвик претставува дел од Генерација без граници - нова глобална иницијатива за вклучување на сите млади во образование, обука или вработување до 2030 година

10 Октомври 2019
Постер, графички приказ на мобилен телефон со суперхерој наметка и текст со повеќе информации за предизвикот
UNICEF/2019

Скопје, 23 септември 2019 – Вториот младински предизвик 2019/20, глобално поддржан од четири партнери – УНИЦЕФ, УНДП, План Интернационал и Светската скаутска организација, како дел од иницијативата Генерација без граници е официјално лансиран денес и ќе се одржи во 40 земји ширум светот, вклучувајќи ја и Северна Македонија. 

Локалниот предизвик е поддржан од Фондација Телеком за Македонија, како дел од новото партнерство кое има за цел да ги поттикне младите иноватори да создадат иновативни дигитални решенија за подобар пристап до образование и инклузија на лицата со попреченост во заедницата.

Целта на предизвикот е да ги инспирира младите луѓе кои немаат пристап до ресурси да ги претворат нивните брилијантни идеи во реални решенија. 

Повикот за локалниот младински предизвик ќе биде објавен наскоро, а десет избрани тимови кои ќе вклучуваат по едно лице со попреченост, ќе учествуваат на тридневна работилница под менторство на инженери, маркетинг и ИТ специјалисти од Македонски Телеком. Пет најдобри идеи ќе бидат финансирани, а две од нив ќе се натпреваруваат во глобалниот предизвик со решенија од другите 40 земји. Најдобрите решенија ќе добијат дополнителни 20.000 долари инвестиции, заедно со прилагодена менторска програма од партнерите на Генерација без граници како поддршка кон нивно проширување.

Младинскиот предизвик во нашата земја се спроведува во соработка со Лабораторијата за иновации СмартАп и Сојузот на извидници. 

За повеќе информации, ве молиме контактирајте нè:
Фондација Телеком за Mакедонија, Леа Липша, тел: +389 23242506, e-адреса FoundationTelekomforMacedonia@telekom.mk   
УНИЦЕФ, Сузи Папас Чаповска, тел: +389 2 3231150, e-mail: spappas@unicef.org 
 
 

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска

Тел: (02) 3231-244

Ирина Ивановска

Тел: (02) 3231-172

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Следете го УНИЦЕФ на TwitterFacebook, Instagram и YouTube.