Наставници развија иновативна е-алатка за поддршка на инклузивното образование

Програма за инклузивни училишта, поддржана од УНИЦЕФ, помага училиштата да научат како да ги идентификуваат вистинските бариери што ги спречуваат децата да учествуваат и да учат. Таа им дава простор да креираат алатки и методи за да се надминат бариерите

UNICEF MK
Младо момче ги запишува главните поенти од лекцијата што ја предава неговата учителка, во училница од училиштето Браќа Рамиз и Хамид во Шуто Оризари, во Скопје
UNICEF/2016/Dimishkovski

18 Јули 2018

За поголем дел од наставниците во училиштето Браќа Рамиз и Хамид во Шуто Оризари, Скопје, инклузивните практики се сѐ уште нов и експериментален пристап. Како повеќето наставници и училишта во земјата, тие беа навикнати на следење на описен пристап, според политиките и легислативата. Но, благодарение на тренинг што е овозможен со поддршка од УНИЦЕФ програмата за инлузивно образование, тие сега се согласуваат дека пристапот “една величина за сите” не одговара на сите деца.

Девојче крева рака на час во училиштетот Браќа Рамиз и Хамид во Скопје
UNICEF/2016/Dimishkovski

Во духот на иновативноста и потребата за развој на приспособен пристап, Денис Османи, млад наставник и член на Инклузивниот тим, разви е-алатка, со помош на достапни ИТ програми, за да им помогне на наставниците и училишниот персонал да се вклучат и постојано да бидат во тек со напредокот на секое дете.

Користејќи ги информациите што ги научил на тренинзите, е-алатката се користи за документирање и следење на индивидуалните едукативни програми што училишниот инклузивен тим ги има развено за околу 230 деца.

„Идејата за оваа алатка дојде од реалната потреба за неа. Ние сме многу големо училиште со околу 150 наставници. Тешко е, па дури и невозможно, сите меѓусебно директно да се координираме“, вели Османи.

Фотографија од екран на кој што е прикажан Гугл документ со табела во која се внесуваат и мониторираат податоци за развојот на децата во училиштетот Браќа Рамиз и Хамид во Скопје
UNICEF/2016/Dimishkovski

„И покрај тоа што бевме скептични околу користењето на алатката на почетокот, сепак ѝ дадовме шанса за да покажеме почит кон ентузијазмот и трудот на Денис. Сега ни е мило, затоа што гледаме дека таа навистина е најдобар начин за споделување и меѓусебно учење“, вели Билјана Иваноска, одделенски наставник.

Иваноска објаснува дека нејзе ѝ помогнала да учи од своите колеги, да дознае за методите што функционираат, а кои таа може да ги реплицира. Исто така, може да го следи напредокот на децата во своето одделение и да ги споделува резултатите со останатите колеги.

Младо момче ги запишува главните поенти од лекцијата што ја предава неговата учителка, во училница од училиштето Браќа Рамиз и Хамид во Шуто Оризари, во Скопје
UNICEF/2016/Dimishkovski

Препораките за алатката добиваат внимание и во мрежата од дваесет инклузивни училишта. Многу од обучените наставници кои спроведуваат практики врз основа на принципите на инклузивното образование веќе ја истражуваат и бараат начин како да ја воведат алатката во своите училишта.

Како и основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари во Скопје, и многу други во мрежата развиваат активен пристап за вклучување на сите деца и нивно мотивирање да учат. Прочитајте како ОУ „Гоце Делчев“ од Прилеп ја прилагоди наставната програма кон потребите на децата со оштетување на видот.

Програмата за инклузивно образование поддржана од УНИЦЕФ е воведена во 2012 година како пилот-иницијатива во 12 училишта, заради градење на капацитетите на училиштата за поддршка на инклузијата на сите деца, вклучувајќи ги и децата со попреченост и децата со други посебни образовни потреби. Од започнувањето, програмата се прошири во 20 училишта, од кои седум во ромските заедници што се поддржани од Австриската агенција за развој.