Младите репортери на УНИЦЕФ споделуваат како тие се грижат за своето физичко здравје
Видео
- Достапно на:
- English
- Македонски
Младите репортери на УНИЦЕф споделуваат како тие се грижат за своето физичко здравје, и како и другите можат да го направат тоа.
„Трчањето може да го подобри вашиот аеробен капацитет, вашите мускули и е вториот најефективен начин за трошење на калории. Исто така
помага за правилен развој на нашите коски“ вели Матеј. Погледнете повеќе во видеото.
Преку својата волонтерска иницијатива УНИЦЕФ вложува напори да ги поддржи и поврзе децата и младите,
да им понуди шанса за учење, споделување знаење и искуства, создавање можности за нивно вклучување
во изнаоѓањето решенија за предизвиците, подигнување на свесноста и преземање акции за унапредување
на благосостојбата на сите деца. Работата на младите репортери за време на КОВИД-19 пандемијата
делумно е финансирана од УСАИД.