“Кога доаѓа патронажната сестра — тоа е како да ни дошол близок роднина”

а голем број нови родители, подготовката за принова е оптоварена со многу прашања. Токму од таа причина се толку важни домашните посети од патронажните медицински сестри

UNICEF MK
Аница Трајковска, 23 години, со Софија, 3 години, Иван, 1,5 година, и новородениот Александар во дворот на нивната куќа во селото Арбанашко, чекаат на посета од патронажна сестра.
UNICEF/2017/Georgiev
24 Јули 2018

Подготвувањето за принова во семејството е особено возбудлив период во животот и родителите сакаат да бидат сигурни дека прават сè што е потребно и најдобро за нивното дете. За голем број нови родители, таа возбуда може да биде оптоварена со многу прашања. Токму од таа причина се толку важни домашните посети од патронажните медицински сестри, особено во првите неколку исцрпувачки недели додека мајката и бебето се запознаваат. Лилјана Ивановска и Богица Зафировска, патронажни сестри од Куманово, одат на редовна посета во селата во подрачјето на Старо Нагоричане. Овојпат со нив го носат и “Водичот за родители на деца од 0 до 3 години” — прв таков водич изработен и наменет за поддршка на семејствата на мали деца, со совети и информации за сè што им е потребно да знаат за здравјето, растењето и развојот на нивното дете.

Семејствата со мали деца што живеат во пооддалечените подрачја во земјата, како што се планинските села, имаат најголема полза од посетите од патронажните сестри.

Патронажните сестри Лилјана и Богица го посетуваат семејството Трајковски од Арбанашко
UNICEF/2017/Georgiev
Аница и нејзиното семејство ги поздравуваат патронажните сестри пред недовршената новоизградена куќа во селото Арбанашко.

Патронажните сестри Лилјана Ивановска и Богица Зафировска посетуваат семејства со мали деца во 25 планински села во подрачјето на Старо Нагоричане во близина на Куманово, каде има големи растојанија помеѓу куќите, а подрачните служби се оддалечени со километри.

Патронажната сестра ја прегрнува Аница, која го држи новороденото бебе во раце, додека бабата Анка набљудува
UNICEF/2017/Georgiev
Аница со новороденчето во раце се поздравува со Љиљана, раководната патронажна сестра од Куманово, додека постарата ќерка Софија и бабата Анка гледаат отстрана.

“Навистина ја ценам помошта и советите што ги добивам од патронажните сестри. Јас и мојот сопруг се грижиме за нашите деца. Немаме соседи во близина, а нашите родители живеат во друго село”, вели Аница. “Така, кога ќе нè посети патронажна сестра — тоа е како да ни дошол близок роднина”.

Аница Трајковска го разгледува "Водичот за родители" што го доби од патронажната сестра која го држи нејзиното новородено дете
UNICEF/2017/Georgiev
Аница внимателно го чита делот за грижа за новороденчиња од “Водичот за родители на деца од 0 до 3 години”.

Здружението на медицински сестри и акушерки, со поддршка од УНИЦЕФ, го изработи првиот “Водич за родители на деца од 0 до 3 години” од таков вид. Во него се содржани информации што им се потребни на сите родители — за исхрана и подојување, имунизации, растење и развој, орална хигиена, безбедност и сигурност на децата, како и совети за начините на стимулирање на мисловниот, физичкиот, социјалниот и емоционалниот развој.

Патронажната сестра и покажува на Аница како да го масира мешето на нејзиното новородено дете за да го помогне процесот на варење на храната.
UNICEF/2017/Georgiev
Патронажната сестра Лилјана покажува како нежно да се масира стомачето за да се олесни варењето на храната.

Во “Прирачникот за родители на деца од 0 до 3 години” дадени се илустрации за мерење на висина и тежина и пресвртните моменти во развојот на децата, со цел да им се помогне на семејствата да следат како расте и се развива нивното дете, а исто така и да им помогне на патронажните сестри да воочат знаци на тешкотии во развојот и да им даде поддршка на родителите и семејствата.

По прегледот на новороденчето патронажните сестри и мајката Аница се смеат
UNICEF/2017/Georgiev
По прегледот на новороденчето патронажните сестри и Аница се смеат и си водат пријателски муабет.

Воспоставување на однос на доверба и блискост може да отвори можности да се разговара отворено за сите нешта што ги загрижуваат мајките. Ова е една од најважните работи за патронажната сестра.

Патронажна сестра го мери крвниот притисок на бабата Анка пред куќата на семејството Трајковски во Арбанешко
UNICEF/2017/Georgiev
Проверка на крвниот притисок на баба Анка.

“Важно е да се има предвид каде и во какви услови растат малите деца. Ние ја следиме здравствената состојба и на другите членови на семејството, како што се постарите роднини”, вели Лилјана Ивановска.

Патронажна сестра го држи новиот член на семејството Трајковски додека постарата сестра набљудува на скалите од нивната семејна куќа во Арбанешко
UNICEF/2017/Georgiev
Лилјана и децата за време на посетатата на семејството Трајковски.

Лилјана присуствуваше на сите обуки за рано откривање и интервенција во случаи на тешкотии во развојот, и сега во улога на едукатор ги пренесува тие знаења и на другите патронажни сестри. “Заедно со екипата едукатори помогнав да се пренесат овие знаења на приближно 80 други патронажни сестри, особено знаењата за помагање на родители на деца со побавен развој, но и за општо едуцирање на родителите”.