За секое дете можност да игра и да припаѓа

Што претставува спортот за секое дете? Можност да шутира топка? Да си игра со другарите? Можност да припаѓа во заедницата, да споделува успех или понекогаш неуспех, да учи важни животни поуки за почитување, соработка и предводење.

UNICEF MK
Група деца го слават крајот на спортскиот настан под големо знаме во многу бои на средина од спортската сала
UNICEF/2017

24 Јули 2018

Што претставува спортот за секое дете? Можност да шутира топка? Да си игра со другарите? Можност да припаѓа во заедницата, да споделува успех или понекогаш неуспех, да учи важни животни поуки за почитување, соработка и предводење. А што претставува спортот за секое дете со попреченост? Има ли некаква разлика?

Програмата Млади спортисти — иницијатива за детски спортски активности што здружува деца на возраст од 2 до 7 години, со и без попречености — покажа дека спортот има моќ да ги преобрази и подобри животите на децата, без оглед на нивните способности.

Група волонтери-ентузијасти и тренери обучени преку иницијатива поддржана од УНИЦЕФ и ЕУ и реализирана од “Специјална Олимпијада Македонија” работеше со деца од Скопје и Тетово. Целта на иницијативата Млади спортисти беше да се понудат можности за децата да учествуваат во инклузивни спортски, друштвени и забавни активности што би придонеле кон прифаќање на попреченостите и инклузивни заедници.

По шест месеци обука, семејствата, наставниците, децата и лидерите во зедниците имаа можност да ги видат резултатите од иницијативата “Млади спортисти”. Па, што научија децата од спортот?

Децата научија да прифаќаат.

Инклузивната игра им помага на децата без попреченост подобро да ги разберат и прифатат другите. Децата со и без попречености научија да се согласуваат со другите и развија социјални и мисловни вештини.

Младо момче скока преку прстено поставени на подот од спортска сала
UNICEF/2017
Дете од Тетово премина од седечки начин на живот во уживање во физички вежби — една позитивна нова навика што може да ја негува во годините што следат.

Децата научија дека можат да ја подобрат својата физичка кондиција на забавен начин.

Важно е децата да се научат на здрави навики додека се мали. На тој начин може да се постават основи за живот исполнет со физичка активност, пријателства и учење.

Две момчиња се тркаат кој побрзо ќе помине низ тунел-играчка
UNICEF/2017
На децата им се допадна играта ‘гасеница’ во која се натпреваруваат во лазење.

Децата научија важни вештини за учење, научија да споделуваат, да чекаат да дојдат на ред и да следат упатства.

Овие активности може да им помогнат на децата во семејните и училишните активности и активностите во заедницата.

Учесниците на програмата млади спортисти добиваат медали
UNICEF/2017
На завршната свеченост учесниците добија медали.

Учесниците научија дека вклученоста на децата со попреченост е придобивка за сите.

Сите деца стекнаа придобивки од екипните спортови: физичка кондиција, самодоверба, поврзаност во друштво и тимски дух.

Девојче гордо го покажува добиениот медал пред публиката на завршниот настан од програмата млади спортисти
UNICEF/2017
Девојче гордо го покажува својот медал на родителите во публиката.

Децата научија дека можат да постигнат повеќе. 
Нивните семејствата ги поткренаа очекувањата за иднината на децата
.

Според анкета на семејствата што ја спроведе “Специјална Олимпијада Македонија” на крајот од иницијативата, се забележа 90% подобрување во нивната самодоверба, независност и смелост, и 40% подобрување на моторните вештини кај децата.

 Децата се дружат со Петко, популарниот телевизиски лик од детските емисии, пеат и играат на завршната манифестација
UNICEF/2017
Децата се дружат со Петко, популарниот телевизиски лик од детските емисии, пеат и играат на завршната манифестација.

Децата покажаа дека инклузивните спортови се забавни за сите и дека секое училиште или заедница може да ги организира или учествува.

“Специјална Олимпијада Македонија” изработи Водич за млади спортисти да за им помогне на наставниците при воведувањето на инклузивни спортски активности и физички вежби прилагодени на потребите на децата со попреченост во редовните часови за физичко воспитание. Наставниците по физичко воспитание и специјалните едукатори одржаа состанок по манифестацијата за да дискутираат за идните чекори во насока на воведување на програмата Млади спортисти во нивните училишта.

Програмата Млади спортисти се реализираше како дел од регионалниот проект “Заштита на децата од насилство и поттикнување на социјална инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција”, финансиран од ЕУ и кофинансиран од УНИЦЕФ. Таа претставува дел од пошироките напори на УНИЦЕФ за поддршка на владата и другите партнери во создавањето околина за инклузија на децата со попреченост.