Претставник
Запознајте го претставникот на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани

Г-а Патриција ДиЏовани е претставник на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија. Таа работела за УНИЦЕФ во Кенија, Етиопија, Иран, Ирак, Авганистан, Индија и Филипини. Пред преземањето на новата должност како претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија, таа била заменик-претставничка во Кенија. Има над 25-годишно искуство работа со партнерите за заштита на децата од штетните ефекти на сиромаштијата, негативните искуства и исклучувањето. Како австралиски државјанин, г-а ДиЏовани се приклучи на УНИЦЕФ во 1996 г. Има магистратура по меѓународно право и човекови права од Универзитетот на Нов Јужен Велс, дипломирала општествени науки на Универзитетот во Западен Сиднеј и стекнала вонредна диплома на државни студии (за работа со млади) од Колеџот Милпера за напредно образование во Сиднеј.