Предизвик #УчимеДома

15 дена на забавни начини ги инспирираме децата да продолжат со учење преку интересни активности што се базираат на игра

Learning at home challenge cover
UNICEFMK

Ова се вонредни времиња. Глобалната здравствена криза со КОВИД 19 влијае на поголемиот дел од светот, а семејствата со деца на училишна возраст се соочуваат со досега невидена низа предизвици и ситуации. Во многу домаќинства целото семејство е дома, децата не одат во градинка или на училиште, а возрасните помагаат во учењето и развојот на своите деца додека во исто време се трудат да одговорат на работните обврски од дома.

Сакаме да им помогнеме на родителите да го одржат интересот за учење на децата преку интересни активности што се базираат на игра. Во текот на наредните 15 дена УНИЦЕФ спроведува низа #LearningAtHome  #УчимеДома предизвици и дава совети со фокус на игра со вашето дете како најдобар начин за создавање врски помеѓу невроните и стимулирање на детскиот мозок.

 

Прифатете го предизвикот и споделете содржини на социјалните медиуми со хаштагот #LearningAtHome #УчимеДома

 

Следете не на FacebookTwitter, и Instagram за да дознаете кој е нашиот следен предизвик

 


Предизвикот е прифатен!

Рециклираме и креираме ♻️♻️♻️ Queen paper and Princess paper 📖 #никогашНеЕдосадно🥳 @m.romeva UNICEF MK #LearningAtHome #УчимеДома Bimilk

Posted by Светлана Ромева on Wednesday, April 1, 2020

#learningathome #учимедома за Светскиот ден на Детската литература. Во чест на Ханс Кристијан Андерсен. UNICEF MK

Posted by Ѓурѓица Трајкова on Thursday, April 2, 2020