Функционална анализа на патронажната дејност на територија на град Скопје – Здравствен дом Скопје

Функционалната анализа има за цел да даде реална и целосна слика на подготвеноста на патронажната служба да ги спроведе своите приоритети на краток и среден рок

Патронажна сестра држи Водич за родители и покажува кон стомачето на беебто додека и објаснува на мајката
UNICEF/North Macedonia/Georgiev/2017

Главни црти

Функционалната анализа на патронажната дејност на територија на град Скопје овозможи бројни придобивки за институцијата која е надлежна за спроведување на услугите. Некои од најзначајните придобивки се: утврдување на соодветна организација и систематизација на работните места во институцијата потребна за остварување на надлежностите и стратешките приоритети, подобрување на ефективноста на институцијата, редуцирање или проширување на опфатот и големината на институцијата, проценка за потребните просторни, финансиски и човечки ресурси, елиминација на несуштинските функции, балансирање на структурната поставеност со функциите кои се извршуваат, како и овозможување на процес на креирање на организациска култура.

Целта на процесот на спроведување на функционална анализа на дејноста поливалентна патронажа која е организирана во рамките на Здравствениот дом – Скопје е да ги идентификува предизвиците од организациски и функционален аспект, кои го отежнуваат или попречуваат остварувањето на актуелните надлежности и задачи, но и оние предвидени со стратешките документи, како и да се предложат конкретни мерки за подобрување на исполнувањето на целите и задачите, насочени кон остварување на очекуваните резултати.

Активностите се спроведуваат во рамките на проектот „Подобрување на  организациската структура на патронажната служба“ што го имплементира  Центарот за управување со промени како дел од пошироката програма “Ублажување на ефектите од КОВИД-19 врз животот на децата и родителите во Западен Балкан и  Турција“ која се спроведува со финансиска помош од Европската Унија и со поддршка од УНИЦЕФ. Ставовите изнесени во документот не го изразуваат официјалното мислење на Европската Унија и УНИЦЕФ.

Functional analysis cover image
Автор
UNICEF
Датум на публикација
Јазици
Англиски, Македонски, Албански